Балкан
Македонското малцинство во Бугарија сè уште без права: ПССЕ бара итно спроведување на пресудите
Во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) сѐ погласни повиците до Софија да ги спроведе пресудите
Повеќе пратеници по иницијатива на македонските претставници Марија Петрушевска, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Беким Ќоку, поддржани од Елвира Ковач, Албана Вокши, Јорида Табаку и Филиз Полат, поднесоа амандман со кој во нацрт-резолуцијата, став 14, втора реченица, зборовите „ги повикува властите“ треба да се заменат со формулацијата „ги повикува бугарските власти да ги спроведат овие значајни пресуди и ги повикува властите да го направат тоа“. Со објаснувачка белешка дека Бугарија е на чело на земјите членки на Советот на Европа што не ги спроведуваат пресудите на судот и тоа го прави речиси 20 години во одредени случаи, како што е оној што се однесува на здружението на лица што припаѓаат на македонското малцинство ОМО „Илинден“
Правата на лицата што ја потврдуваат македонската етничка свест се меѓу нерешените прашања од обврските преземени од Бугарија со членството во Советот на Европа, според еден од известувачите на ПССЕ, Тив Крухтен (Луксембург), при што на здруженијата што ги претставуваат овие лица и понатаму им се одбива регистрацијата, и покрај повеќекратните пресуди на Европскиот суд за човекови права. Работна група беше формирана во март минатата година, но сепак, според известувачот, потребен е вистински напредок. Поради ова и уште неколку други прашања, Советот на Европа ќе продолжи со внимателно следење на нерешените прашања во контекст на идните периодични прегледи.
Над 90 пресуди поврзани со Бугарија чекаат на извршување!
Во однос на човековите права, Бугарија секако мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, истакна Јонут-Маријан Строе (Романија), портпарол на групата на ЕНП/ДХ, а истата позиција ја сподели и Стефан Шенах (Австрија), портпарол на групата на социјалистите во ПССЕ. Гласноговорникот на групата на Обединетата европска левица, Жеорж Лукаидес (Кипар), исто така побара да се спроведат сите пресуди на Европскиот суд за човекови права. Дидие Мари (Франција) од групата на социјалистите, исто така се задржа на извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, пред сè, на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.
Всушност, повеќе од 90 пресуди на судот во врска со Бугарија сè уште чекаат на извршување. Потребно е бугарските власти да соработуваат со Комитетот на министри со цел спроведување на потребните реформи. Приоритет треба да се даде на извршувањето на пресудите насочени кон борба против дискриминацијата, особено против Ромите и луѓето од македонско потекло – беше наведено во ПССЕ.
Македонската делегација цврсто застана во одбрана на правата на Македонците во Бугарија
Во своето обраќање пред ПССЕ, Бисера Костадиновска–Стојчевска ги запозна пратениците од 46-те земји членки на Европскиот совет дека македонската влада неодамна добила писмо со жалба од друга влада (без да ја именува) во кое нејзините прашања и распрашувања се етикетирани како говор на омраза зашто земјите членки не ги извршуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права.
Ако тоа е говор на омраза, ве молам имајте предвид дека ќе продолжам да прашувам и да бидам гласна за прашањата што се однесуваат на почитувањето на човековите права низ целиот свет, а не само во оваа полукружна област – нагласи таа.
Понатаму Костадиновска-Стојчевска продолжи: „Драги колеги, знам дека за некои од вас овде единствената грижа се бројките, но за повеќето од нас, нашиот глас треба да значи, земјата за која станува збор, да ги почитува човековите права на сите свои граѓани, а не само да натрупува примери за непочитување на човековите права на сопствените граѓани, додека сепак се стреми да биде перципирана како најпримерен ученик. Почитувањето на човековите права не е само на хартија, туку да се даде се од себе во пракса и да се стремиме да бидеме подобри на секој начин во почитувањето на изборите на луѓето. Сепак, тоа што е член на поголемо идеолошко семејство, ѝ дава на земјата уште поголема одговорност да гледа во иднината и да го отвори патот за сите во тоа семејство и за оние што се стремат да се приклучат, да дадат можност исто како што и самите ја добиле оваа можност што се случува еднаш во животот. Дали сме секогаш подготвени кога ќе ни се даде оваа можност? Не! Дали ја зграпчуваме? Да! Со затворањето на овој процес, Бугарија треба да престане со етикетирање и да почне да работи! На крајот на краиштата, како што слушнавме денес ’одложената правда е одбиена правда!‘“.
Марија Петрушевска исто така во својот говор го нагласи фактот што Бугарија продолжува да одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права.
Како што се истакнува во извештајот, постојат сериозни проблеми со човековите права, вклучително и оние на македонските етнички малцинства. Македонците не се вклучени во програмите за малцинства, не добиваат помош и немаат претставништво во советодавните тела. Нивниот јазик, литература и историја не се изучуваат. Тие не можат да создаваат организации за да ги бранат своите права. Дозволете ми да ве потсетам дека признавањето како национално малцинство од страна на Бугарија не е предуслов за заштита според Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Главната загриженост во овој поглед останува неспроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, особено во случајот ОМО „Илинден“ и други против Бугарија. Бугарија 18 години одбива да го регистрира ова здружение. Македонското етничко малцинство и неговите организации се симбол на храброст и демократска борба за нивните најосновни човекови права – рече македонската пратеничка.
Петрушевска на крајот од своето обраќање цитираше извадок од македонскиот роман „Пиреј“ од Петре М. Андреевски: „Можете да го искинете, да го искорените и да се обидете да го уништите, но тој никогаш не умира. Штом повторно ќе ја допре земјата, повторно ќе израсне, ќе живее, ќе се издигне. Ништо не може да го уништи“.
Цврсто верувам дека, без оглед на однесувањето на бугарските власти, македонското етничко малцинство секогаш ќе се прероди, секогаш ќе се издигне и секогаш ќе опстои – категорично истакна Петрушевска.
Како што дознаваме од наши извори, македонската делегација и претставници во Стразбур воделе рововска дискусија наспроти инсистирањето на бугарската делегација и бугарската дипломатија да се отстрани од резолуцијата на ПССЕ, именувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права во полза на Македонците од Бугарија. Нивното неспоменување би ѝ дало на Софија можност да тврди пред Комитетот на министрите дека „ПССЕ смета оти не постојат проблеми со спроведувањето на пресудите на ЕСЧП“, но тоа не им успеа.
Иницијатива на македонските претставници ја означи Бугарија како неспроведувач на пресуди
Имено, повеќе пратеници по иницијатива на македонските претставници Марија Петрушевска, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Беким Ќоку, поддржани од Елвира Ковач, Албана Вокши, Јорида Табаку и Филиз Полат, поднесоа амандман со кој во нацрт-резолуцијата, став 14, втора реченица, зборовите „ги повикува властите“ треба да се заменат со формулацијата „ги повикува бугарските власти да ги спроведат овие значајни пресуди и ги повикува властите да го направат тоа“. Со објаснувачка белешка дека Бугарија е на чело на земјите членки на Советот на Европа што не ги спроведуваат пресудите на судот и тоа го прави речиси 20 години во одредени случаи, како што е оној што се однесува на здружението на лица што му припаѓаат на македонското малцинство ОМО „Илинден“.
Во другиот амандман поднесен од Марија Петрушевска, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Беким Ќоку, Наѓа Лаковиќ, Елвира Ковач, Билјана Пантиќ Пиља, Јорида Табаку и од Јан Филип Либички беше побарано во нацрт-резолуцијата, по став 17, да се додадат следните ставови: „Собранието останува загрижено за кревката состојба на лицата кои припаѓаат на македонското малцинство во Бугарија. Овие лица не се признаени од властите како национално малцинство во смисла на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства (ETS бр. 157) (ратификувана од Бугарија во 1999 година), а понатаму, пресудите на Европскиот суд за човекови права во врска со одбивањето да се регистрираат здруженија на лица кои припаѓаат на македонското малцинство (ОМО ’Илинден‘ и други против Бугарија) не се спроведени. Собранието ги повикува бугарските власти да продолжат со своите напори за постигнување опиплив напредок во признавањето и интеграцијата на лицата…“. Со објаснувачка белешка дека овој амандман се однесува на долгогодишниот проблем со непочитувањето на човековите права на лицата што припаѓаат на македонското малцинство во Бугарија, како и на 18-годишното неспроведување на пресудите на судот во случајот ОМО „Илинден“ и други против Бугарија.
Во следниот амандман поднесен од Марија Петрушевска, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Беким Ќоку, Наѓа Лаковиќ, Елвира Ковач, Бранислав Бореновиќ, Јорида Табаку и од Кристоф Лакроа беше побарано во нацрт-резолуцијата, по став 17, да се додаде следниот став: „Собранието потсетува дека признавањето на статусот на национално малцинство од страна на државата не е предуслов за користење на заштитата предвидена со Рамковната конвенција“. Со објаснувачка белешка дека иако Бугарија не го признава постоењето на македонското малцинство или неговите човекови права, тоа не ја ослободува од нејзината обврска да ја почитува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Овие амандмани, иако беа отфрлени, сепак дозволија во финалната резолуција да остане делот посветен на македонското малцинство и лицата што тврдат дека имаат македонска етничка свест.
Имено, Мониторинг-комисијата на ПССЕ поднесе устен амандман во кој се наведува следното: „во нацрт-резолуцијата, став 14, втора реченица, зборовите ’етнички Македонци‘ да се заменат со зборовите ’лица што ја потврдуваат македонската етничка свест‘“.
Реченицата, според толкувањето на претседателот на ПССЕ, Теодорос Русопулос, би гласела: „И одбивања за регистрација на здруженија на лица што тврдат дека имаат македонска етничка свест“. Известувачот Крухтен даде согласност бидејќи со овој амандман се репродуцира точниот текст на пресудата на судот, а овој став се однесува на пресудата на судот.
ПССЕ ја има Бугарија под лупа
На својата пленарна седница во Стразбур, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) по 25 години на постмониторинг одлучи да го затвори постмониторинг-дијалогот со Бугарија и да ги следи случувањата во земјата како дел од своите периодични прегледи.
ПССЕ го поздрави надминувањето на политичката криза и нестабилност од страна на Бугарија – како што е илустрирано со одржувањето предвремени парламентарни избори седум пати помеѓу 2021 и 2024 година – и формирањето коалициска влада во јануари 2025 година, што покажува „одржлива политичка волја за почитување на обврските и обврските утврдени во Резолуцијата 2296 (2019) на ПССЕ“, во соработка со механизмите за следење на Советот на Европа.
Парламентарното собрание, исто така, ја поздрави реформата на Законот за кривична постапка и уставните амандмани што ги ограничуваат овластувањата на Јавното обвинителство, мерките преземени за борба против корупцијата на високо ниво и усвојувањето на Законот за борба против корупцијата, усвојувањето на Законот за заштита на дојавувачите и измените на Законот за јавни набавки со цел обезбедување поголема транспарентност.
При усвојувањето на резолуцијата врз основа на извештајот на Дебора Бергамини (Италија, ЕНП/ДХ и Ив Крухтен – Луксембург, Соц), ПССЕ нагласи дека Бугарија „значително ја подобрила состојбата во однос на слободата на изразување“ и презела голем број мерки за борба против говорот на омраза и насилството врз жените.
И покрај напорите на властите, пратениците забележаа дека реформата на судскиот систем и јавното обвинителство е само делумно спроведена и жалат што оттогаш е прекината поради одлуката на Уставниот суд од 26 јули 2024 година. Тие ги повикаа властите да продолжат со реформата на државната организација преку усвојување обично законодавство и/или нови уставни измени од страна на големото национално собрание.
Понатаму, Парламентарното собрание останува загрижено „за кревката состојба на ромското население“ и ги повика властите да продолжат со своите напори за интегрирање и вклучување на ова население.
Конечно, ПССЕ ги повика властите да „продолжат да соработуваат со Комитетот на министри на Советот на Европа со цел да се постигне видлив напредок во спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права“, особено во однос на случаите поврзани со реформата на судскиот систем, присилните иселувања и уривањето на ромските домови и одбивањата за регистрација на здруженија на лица што тврдат дека се Македонци.
Бугарија се приклучи на Советот на Европа во 1992 година и беше предмет на сеопфатна постапка за следење до 2000 година. Парламентарното собрание одлучи, со Резолуцијата 1211 (2000), да ја затвори постапката за следење и да започне постмониторинг-дијалог за голем број отворени прашања, систематски оценувајќи го постигнатиот напредок. Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција
Во Бугарија постојат Македонци, треба да им се признае нивното право!
Балкан
Проектот FishNoWaste: Рибарите во Јадранот ќе собираат и рециклираат пластичен отпад
Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат големи количини пластичен отпад, но проблемот со морската пластика останува нерешен поради недоволна инфраструктура за собирање и предавање. Истражувањата покажуваат дека Јадранот има повеќе плутачки отпад од остатокот на Медитеранот, при што над 80% од него е пластика.
За справување со оваа криза, здружението Sunce, во соработка со организации од Хрватска и Италија, го спроведува проектот FishNoWaste. Проектот има за цел да собере податоци за видот и количините на отпадот што се појавува при риболов и да развие модел за заедничко управување со отпадот, со можност за повторна употреба и рециклирање.
„Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, истакнува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. Таа додава дека постојните системи за прием на отпад на копно се неефикасни и недоволно развиени, па трудот на рибарите често останува без посакуван резултат.
При влечење на мрежите, рибарите извлекуваат отпад од морското дно, а дополнителен отпад се создава и за време на риболовните активности, како кинење на мрежи, губење конопи, бови и други пластични елементи. Особено проблематични се „ghost nets“ – изгубени мрежи кои продолжуваат да фаќаат морски живот.
Проектот FishNoWaste вклучува научен мониторинг на отпадот и пилот-имплементација на модел за заедничко управување во избрани пристаништа, со активно вклучување на рибарите при собирање, сортирање и предавање отпад. Sunce спроведува и едукативни програми за рибарите, училиштата и локалните заедници, промовирајќи принципи на кружна економија и свест за влијанието на морскиот отпад врз екосистемот, здравјето и економијата.
Очекувањата се дека проектот ќе доведе до значително подобрување на системот за управување со риболовен отпад, развој на заеднички стратегии и зголемување на количествата отпад што се собира, сортира и рециклира, со долгорочен ефект врз зачувувањето на Јадранското Море.
Балкан
Патување кон Грција: Дојран единствениот сигурен премин
Многумина го користат продолжениот викенд за патување во Грција, но се соочуваат со проблеми на граничните премини. Најголемиот премин кај Гевгелија е затворен поради штрајк на грчките земјоделци и неговото отворање е непредвидливо – понекогаш отворен кога патниците тргнуваат, а затворен кога стигнат.
Засега, единствениот премин кон Грција кој постојано е отворен е Дојран. Преминот Меџитлија е затворен за товарни возила и автобуси од 12:00 часот, а преминот Богородица е во прекин од 11:00 часот.
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на преминот Табановце кон Србија времето на чекање е околу 40 минути. Возачите се советуваат да ги следат најновите информации и да го планираат патувањето однапред за да избегнат непотребни застои.
Балкан
ВИДЕО – Автомобил слета врз куќа во Србија: необична несреќа ја шокираше Чуприја
Необична сообраќајна несреќа го привлече вниманието на јавноста во Остривац, кај Чуприја во Србија, каде автомобил заврши директно врз покривот од семејна куќа. Снимка од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи.
Несреќата се случила минатата сабота, кога возачот ја изгубил контролата врз возилото додека излегувал од остра кривина. Автомобилот се лизнал, ја пробил оградата од дворот и по превртување слетал врз куќата на Саша Димитријевиќ.
Возачот бил пренесен во болницата во Чуприја, каде му биле констатирани полесни повреди. Ниту еден член на семејството не е повреден.
Во моментот на несреќата, во куќата се наоѓал само синот на сопственикот, Дарко, кој гледал телевизија. „Слушнав силен тресок и мислев дека се урнал покривот“, изјави тој. „Кога излегов, видов автомобил на куќата. Среќа е што никој не страдаше.“
Сопственикот Димитријевиќ објасни дека возачот е млад човек од соседното село Јовац, кој неодамна го положил возачкиот испит. Тој повтори дека кривината пред нивната куќа е исклучително опасна и често претставува ризик за возачите.
Трендинг
-
Република6 days agoТЕТОВО ВО НОВO-ОБJАВЕНИ ДОКУМЕНТИ НА ЦИА
-
Црна Хроника4 days agoПолициска акција: Уаспени Украинки во Горно Седларце – МВР со детали
-
Република6 days agoУтре големи прекини на струја во Тетово и тетовско
-
Балкан10 hours agoДрама во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)
-
Магазин5 days agoРазрешена вековната дилема: Научниците конечно потврдија каде е погребан Филип Втори Македонски
-
Скопје3 days agoСекое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски
-
Република4 days agoЕве од кога ќе почнат да работаат камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово
-
Црна Хроника2 days agoПолицијата го лоцираше украденото „Ауди“ за неколку часа – младиот тетовец уапсен!















