Тешка несреќа се случи во американската сојузна држава Калифорнија, кога хеликоптер на итната медицинска помош се урна директно на автопатот во Сакраменто.
Во хеликоптерот се наоѓале пилотот, медицинска сестра и болничар, но немало пациенти. Според информациите на CNN, несреќата се случила во понеделник навечер, околу 19 часот по локално време.
Возилото при падот се превртело на страна, а пожарникарите морале да го сечат металниот труп за да ги извлечат повредените. Сите тројца се во критична состојба, а нивните повреди засега не се целосно познати.
Очевидци изјавиле дека сцената била застрашувачка и дека само поради среќна околност ниту еден возач на автопатот не бил повреден, иако сообраќајот во тој момент бил густ.
Граѓани кои се нашле во близина веднаш помогнале во извлекувањето на повредените. Автопатот во насока кон исток бил целосно блокиран, а властите предупредија дека ќе остане затворен подолго време поради увидот.
