Путин својот роденден поради војната го прослави на прилично невообичаен начин – еве што правеше

Путин го прослави роденденот со генералите во катедрала: „Сакав да ви го кажам ова лице в лице“

Рускиот претседател Владимир Путин својот 73. роденден го одбележа во Петропавловската катедрала во Санкт Петербург, каде се сретна со министрот за одбрана Андреј Белоусов и највисоките генерали на руската армија.

Состанокот се одржал меѓу гробовите на руските цареви, а Путин објаснил дека го избрал тоа место бидејќи таму почиваат „оние што ја создадоа Русија“. „Постои потреба да разговарам со вас лице в лице. Ова е местото на оние што ја формираа нашата земја“, изјави тој.

На средбата, според медиумите, Путин соопштил дека руската армија „ослободила“ 5.000 квадратни километри и 219 населени места, и ја пофалил одбранбената индустрија за снабдувањето на војската.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека состанокот се одржал со командантите на воените групи и членовите на Советот за безбедност. Според РИА Новости, Путин рекол дека непријателот се повлекува по целата линија на фронтот.