Студен бран и повеќе дождови: Есенва ќе биде нестабилна и променлива

Според прогнозата на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF), оваа есен над Балканот ќе биде далеку постудена и поврнежлива од вообичаеното. Атмосферата ќе биде динамична, со чести промени на времето и поинтензивни врнежи од дожд во повеќе периоди.

Метеоролозите најавуваат дека дождовите ќе бидат најчести во почетокот и кон крајот на есента, додека температурите на воздухот ќе се движат под просекот за овој период од годината. Снегот, според прогнозите, би можел да пристигне и нешто порано од очекуваното.

И покрај тоа, метеоролозите истакнуваат дека ќе има и потопли, сончеви денови кои ќе ја ублажат студената слика на сезоната, но генерално есенва се очекува да биде поразлична – со повеќе дожд, ветер и повремени заладувања низ целата земја.

Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски на следниот ЛИНК.