Connect with us

Црна Хроника

Апсење на аеродромот во Скопје

Полициски службеници на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје на 8 октомври во 16:25 часот го лишиле од слобода Е.Н.(38) од Велес.

При гранична контрола било утврдено дека лицето е евидирано со мерка „апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка.

По апсењето, Е.Н. бил предаден на полициските службеници од Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

МВР соопшти дека акцијата е дел од редовните проверки на лицата кои пристигнуваат во државата преку меѓународните гранични премини.

Advertisement

Црна Хроника

Американецот со нигериско потекло приведен откако нападна полицаец во Скопје – ќе се соочи со притвор

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека издаде наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, осомничен за напад врз полицаец и неовластено поседување оружје.

Според обвинителството, во текот на вчерашниот ден беа обезбедени докази за основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело „Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, како и „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Инцидентот се случил на 21 декември во раните утрински часови пред ноќен клуб во Градскиот парк. Осомничениот физички нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира, при што му нанел повреда со удари со тупаници. По нападот, мажот бил совладан, а кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол „глок“ калибар 9мм со две рамки по 30 куршуми.

Потоа, во рамки на истрагата, обвинителството обезбедило наредба за претрес во хостелот каде што осомничениот престојувал. Таму биле пронајдени уште еден пиштол „глок“, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми во зипер ќеси, комплет за чистење оружје, три ножа и други предмети како фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце и сајли за врзување. За сите предмети е издадена наредба за вештачење.

Јавниот обвинител поднел предлог до судијата на претходна постапка за определување притвор, оценувајќи дека постои реална опасност осомничениот да избегa, да влијае врз сведоците и доказите, како и да изврши ново кривично дело.

Continue Reading

Црна Хроника

Семејно насилство во Тетово – Полицијата со брза интервенција

policija tetovo

На 22.12.2025 во 00:55 часот на ул.,,29 Ноември“ во Тетово,  полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Б.(20) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.12.2025 околу 22:30 часот физички ја нападнал неговата 23-годишна вонбрачна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Македонија на трето место во Европа по убиства на жени од најблиските

Според најновите податоци на Евростат за 2023 година, анализирани од „Еуроњуз“, нашата земја зазеде загрижувачко трето место во Европа по стапката на убиени жени од партнер или член на семејството. Овие бројки ја осветлуваат мрачната реалност на родово-базираното насилство кое продолжува да ја загрижува македонската јавност.

Според статистиката, шест жени на милион жители во Македонија ја загубиле животната од рацете на блиски лица, што ја става земјата веднаш зад Латвија и Литванија. Латвија го држи црниот врв со 17 убиени жени на милион жители, додека Литванија е на второто место со 10. За споредба, просечната стапка во Европската Унија е 4,1 убиена жена на милион жители – речиси двојно помалку од македонската.

Евростат истакнува дека кога сторителите се партнери или членови на семејството, жените се жртви речиси двојно почесто од мажите. Најниски стапки во ЕУ, освен Малта, се бележат во Грција (1,8 на милион жители), Шпанија (2) и Холандија (2,3).

Податоците покажуваат дека бројот на вакви трагедии во ЕУ останува релативно стабилен во последната деценија, со блага стапка на раст, достигнувајќи 4,4 жени на милион жители во 2022 година.

Глобално, ситуацијата е уште алармантна. Според Обединетите нации, Африка е континентот со највисока стапка на фемицид – 30 жени на милион жители, а проценет број на жртви во 2024 година изнесува 22.600. Во поширокиот европски регион, стапката е пет жени на милион жители.

Околу 60% од овие убиствa се извршени од интимни партнери или членови на семејството. Обединетите нации ги квалификуваат ваквите злосторства како „фемицид“ – намерни убиства мотивирани од родово базирани фактори, вклучувајќи нееднакви односи на моќ, родови стереотипи и штетни општествени норми.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг