Connect with us

Скопје

Меџити: Чаир е пример за инклузивност, Ќамуран Исмаили во мојот кабинет ќе биде гласот на лицата со посебни потреби

„Во Чаир, секој граѓанин ќе има свое место, на работа, во институциите, во јавниот живот и во секој чекор од секојдневието.“ Со оваа јасна порака, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на владејачката коалиција ВЛЕН, г. Изет Меџити, ја отвори денешната прес конференција, претставувајќи ја својата визија за еднаква и инклузивна општина, каде човечкото достоинство и еднаквите можности се во сржта на секоја локална политика.

Подолу ви го пренесуваме интегралниот говор на кандидатот г. Изет Меџити:

Почитувани граѓани,
Почитувани медиуми,

На денешната конференција ќе зборуваме за еднаквост, можности и достоинство, за правото секој граѓанин на Чаир да го има своето место на работа, во институциите, во јавниот живот и во секој чекор од секојдневието.

Во нашиот програм, грижата и инклузијата на лицата со попреченост се една од главните столбови.

Во соработка со организациите што работат во оваа област, ќе изградиме долгорочни политики за пристап до образованието, здравствените услуги, транспортот и јавните простори.

Ќе создадеме специјални програми за вработување и обука на овие лица во јавниот сектор и во локалните институции. Ќе ги поддржиме микро-бизнисите, социјалните претпријатија и заедничките иницијативи, затоа што економската независност е темелот на човечкото достоинство.

Оваа заложба започнува од мене лично, од мојот кабинет.
Затоа денес сакам да ја споделам веста дека г. Ќамуран Исмаили, извонреден човек и професионалец ќе биде дел од мојот кабинет како советник.

Ќамуран нема да биде во мојот кабинет за симболика, туку за влијание. Неговиот глас е гласот на една заедница која заслужува да биде слушната. Неговото искуство е мост меѓу институциите и граѓаните кои често се чувствуваат заборавени.

Почнувајќи од мојот кабинет, ние ја претвораме оваа заложба во реалност. Чаир ќе стане пример за инклузивност, еднаквост и почит кон секој граѓанин.

Затоа што вклученоста на секој човек не е привилегија, тоа е право.

Чаир ќе биде пример за општина што не дели, туку обединува, што не исклучува, туку оспособува, што не зборува за луѓето, туку ги слуша и работи заедно со нив.

Advertisement

Скопје

Меџити: Образованието на мајчин јазик е темел на еднаквост и соживот

Денеска беше одбележан Денот на турското образование, во организација на Основното училиште Тефејјуз, институција со долга традиција во образованието на мајчин јазик. Настанот беше посветен на значењето на турското образование во Северна Македонија, неговата улога во зачувувањето на културниот идентитет, како и на континуираниот придонес на турската заедница во образовниот и општествениот живот.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити истакна дека ваквите настани ја потврдуваат вредноста на образованието на мајчин јазик како клучен елемент за почит, еднаквост и соживот во мултиетничкото општество. Тој нагласи дека институционалната поддршка за образованието на мајчин јазик останува јасна и недвосмислена заложба.

Според Меџити, почитувањето и унапредувањето на образованието на мајчин јазик за сите заедници претставува основа за еднаквост, општествена кохезија и градење инклузивно општество во кое секој граѓанин има еднакви можности.

Continue Reading

Скопје

Активирани алармантни мерки во Скопје – газдите треба да ги ослободат од работа следниве категории на лица

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат.

Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Согласно настанатата состојба за мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат важат следните мерки: 

Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола

Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати

Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци

Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила

Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата

Забрана на горење на отворено

Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар

Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот

Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

Continue Reading

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг