Девизните резерви на Македонија достигнаа 4,72 милијарди евра

На крајот на септември 2025 година, девизните резерви на Народната банка изнесувале 4.722,7 милиони евра, соопшти централната банка.

Најголем дел од резервите, околу 74,7%, се вложени во хартии од вредност, додека монетарното злато учествува со 15,2%, а валутите и депозитите сочинуваат 10% од вкупниот износ.