Connect with us

Република

Поранешните советници на СДСМ со поддршка за Методија Куновски: „Силата е во единството“

Дел од поранешните советници на СДСМ од Битола му изразија поддршка на кандидатот за градоначалник Методија Куновски, со кого се сретнаа на неформално кафе-дружба. Од Општинската организација на СДСМ Битола беа објавени фотографии од средбата, на која присуствуваа поранешни советници како Емилија Костурска, Славе Најдовски, Влатко Шеровски, Стевче Илиевски, Менде Диневски, Жанета Наумовска и Елена Кромидаровска.

На средбата биле присутни и дел од актуелните кандидати за советници, меѓу кои Петар Николовски, Јадранка Павловска и Александар Дакуловски.

„Во пријатна атмосфера, со многу споделени искуства и идеи, Куновски ја доби поддршката од поранешните советници. Пораката е јасна – ако силата е во единството, тогаш сме на вистинскиот пат до победа во Битола“, соопштија од СДСМ Битола.

Сепак, на објавените фотографии не беа забележани некои од поистакнатите имиња од претходните состави на Советот – како Методија Илиевски, Борче Корлевски, Мирјана Захариевска-Ралевска, Александар Димовски, Татјана Крнчева и Виолета Дракалска, кои најверојатно биле отсутни поради оправдани причини.

Инаку, утре (среда) во 20 часот, во големата сала на Центарот за култура во Битола ќе се одржи централниот предизборен митинг на СДСМ. Според најавите, на митингот ќе зборуваат лидерот на партијата Венко Филипче, кандидатот за градоначалник Методија Куновски и носителот на советничката листа Петар Николовски. Очекувањата се дека на настанот ќе се покаже целосно сплотување на битолската организација во пресрет на изборите в недела.

Advertisement

Република

Бојкоски: Дополнителни 7 милиони денари поддршка за РК Еурофарм Пелистер

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, соопшти дека се обезбедени дополнителни 7.000.000 денари финансиска поддршка за РК Еурофарм Пелистер.

„Битола стои зад шампионот“, објави Бојкоски, нагласувајќи дека средствата се предложени во координација со градоначалникот и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Од вкупната сума, 3.000.000 денари се предвидени како награда за освоената шампионска титула во македонската ракометна лига. Според Бојкоски, целта на дополнителната поддршка е зголемување на конкурентноста на клубот, задржување на шампионската титула во Битола и носење радост и спортска гордост за граѓаните.

Continue Reading

Република

Коњановски: Преку танц младите испраќаат силна порака против врсничкото и дигиталното насилство

Во спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола денеска се одржа меѓуучилишен танцов натпревар „Танц против насилство“, посветен на подигнување на свеста за врсничкото и дигиталното насилство меѓу младите.

Настанот беше организиран со цел промоција на ненасилна комуникација, почит, солидарност и позитивни вредности, при што учениците преку танц, емоција и креативен израз испратија јасна порака дека насилството не смее да биде прифатено.

На настанот учествуваа седум основни училишта од Битола со вкупно 49 ученици, кои преку кореографиите ја пренесоа својата визија за свет без насилство. Поддршката за реализација ја даде Општина Битола, во соработка со Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола и образовните институции.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека ваквите иницијативи се исклучително важни за создавање безбедна и здрава средина за најмладите.

„Ова не е само танцов или музички натпревар, туку силна порака дека како заедница сме против насилството, особено меѓуврсничкото и дигиталното насилство кое нè загрижува сите. Радува фактот што училиштата ја прифатија оваа иницијатива и што младите покажаа дека имаат свест и храброст да зборуваат против булингот“, порача Коњановски.

Организаторката и иницијаторка на настанот, Фатма Бајрам Аземовска од здружението „Сумнал“, нагласи дека „Танц против насилство“ е глас на младите кои преку уметноста повикуваат на почит, прифаќање и разбирање.

Во натпреварувачкиот дел учество зедоа ученици од ООУ „Даме Груев“, „Кирил и Методиј“, „Ѓорѓи Сугарев“, „Тодор Ангелевски“, „Елпида Караманди“, „Св. Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“.

Жири-комисијата ја додели Гран при наградата на ООУ „Гоце Делчев“, признанието за најсилна порака против насилството на ООУ „Тодор Ангелевски“, а наградата за најкреативна кореографија ја добија учениците од ООУ „Кирил и Методиј“.

Continue Reading

Република

Прилеп утре без струја: Планиран прекин од 06:30 до 11:00

Жителите на Прилеп и околните приградски населби утре, 21 декември 2025, ќе останат без електрична енергија во период од четири и пол часа. Од АД МЕПСО информираат дека прекинот ќе трае од 06:30 до 11:00 часот.

Причината за прекинот се планирани зафати за модернизација на електропреносната мрежа на потегот помеѓу Битола и Прилеп. Стручните екипи ќе демонтираат старо проводно јаже од 110 kV далекувод (ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1) и ќе монтираат нов проводник.

АД МЕПСО апелира до домаќинствата и стопанските субјекти, особено оние кои работат наутро, да покажат разбирање за прекинот. Напонот се очекува да биде повторно воспоставен точно во 11:00 часот, а зафатиот се оценуваат како клучни за стабилно и сигурно функционирање на електропреносниот систем во иднина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг