Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за четврток – 16 октомври: Неколку хороскопски знаци ги очекува добар период за одмор и релаксација

ОВЕН

Пријател или роднина може да ви предложи пократко патување, но овој период едноставно не сте расположени ниту за кратки излегувања. Вашиот ум е насочен кон внатрешниот свет — духовен раст, тишина и мир. Не чувствувате потреба од разговори и дружења. Одговорете со убав збор на оние што ве бараат и кажете дека ќе им се посветите подоцна. Заслужувате денови на духовна рамнотежа и спокој.

БИК

Утрото би можело да ве дочека со незадоволство пред огледалото — уморот и стресот се читаат на вашето лице. Работевте премногу, и тоа си го зема данокот. Не грижете се, не е толку црно колку што изгледа. Излезете на кратка прошетка, направете мала набавка и одморете. Овој викенд искористете го за целосно опуштање – телото и умот ќе ви бидат благодарни.

БЛИЗНАЦИ

Можно е овие денови да се појави потсетување на нешто од минатото, нешто што би сакале да го заборавите. Иако можеби не знаете зошто тоа се враќа, негативната енергија може да ви го наруши расположението. Наместо да бегате од неа, обидете се да ја разберете причината. Откако ќе го направите тоа, ќе се ослободите од товарот и повторно ќе почувствувате леснотија.

РАК

Желбата за дружење е силна, но пријателите како да исчезнале. Телефоните молчат, а вие се чувствувате запоставено. Не дозволувајте тоа чувство да ве совлада – не сте заборавени, туку едноставно сите имаат повеќе обврски од вообичаено. Искористете го времето за себе и не заборавајте: вистинските пријатели секогаш се враќаат.

ЛАВ

Иако Лавовите ретко мируваат, деновиве околностите ве задржуваат дома. Можеби чекате повик или посета што доцни, па чувствувате нервоза. Наместо да се вознемирувате, свртете ја енергијата кон нешто корисно — средете го просторот, слушајте музика или направете нешто креативно. Така времето ќе помине побрзо, а расположението ќе се подобри.

ДЕВИЦА

Редиците, застојот во сообраќајот или хаосот на улиците денес би можеле да ве извадат од такт. За да си го поштедите нервниот систем, оставете го автомобилот и прошетајте. Ако нештата не се одвиваат по план, воздржете се од импулсивни реакции — агресијата нема да ви помогне. Наместо тоа, посветете се на нешто дома и дозволете му на денот да тече по свој ритам.

ВАГА

Можно е да доживеете разочарување во јавна личност или идеал во кој долго сте верувале. Тоа може да ве натера да се преиспитате, но не заборавајте – токму тие моменти на сомнеж нè водат кон личен раст. Ќе излезете посилни, со појасна слика за тоа што навистина вреди.

ШКОРПИЈА

Недостигот на време со партнерот ве прави несигурни и замислени. Не брзајте со заклучоци – најверојатно не станува збор за ладност, туку за презафатеност. Обидете се да гледате на ситуацијата објективно. Вашиот инстинкт ретко греши, само не му дозволувајте на стравот да го заглуши.

СТРЕЛЕЦ

Интуицијата, која обично ви е водилка, деновиве како да ве напушти. Ништо не ви е јасно, а предвидувањата не се совпаѓаат со реалноста. Не се оптоварувајте – вашиот ментален биоритам е во опаѓање. Одморете, спијте повеќе и не размислувајте премногу. По неколку дена сè повторно ќе дојде на свое место.

ЈАРЕЦ

Иако сте познати по трудољубивоста, овој период носи силна потреба за одмор. Телото и умот ви порачуваат дека е време за пауза. Не се обвинувате ако сакате денови поминати пред телевизорот, во мир и тишина. Понекогаш токму тоа е најпаметниот избор.

ВОДОЛИЈА

Се чувствувате како да сакате да исчезнете од светот и да се скриете некаде каде што никој нема да ве најде. И тоа е во ред. Исклучете го телефонот, затворете ги прозорците и уживајте во своето мало засолниште. Земете добра книга, подгответе си нешто вкусно и поминете време со себе. Оние што ве сакаат ќе разберат.

РИБИ

Погледот кон паричникот не е највесел, но не дозволувајте финансиските грижи да ви го расипат расположението. Плативте многу, но барем сте ослободени од притисокот на долгови. Денес уживајте во мали нешта што не чинат ништо – прошетка, филм или разговор со блиска личност. Ќе видите, утре веќе ќе биде полесно.

Advertisement

Магазин

Со најновата песна „Една солза“, Наум Петрески повторно ја погодува публиката со секоја нота

naum petreski

Познатиот македонски фолк пејач Наум Петрески повторно го плени вниманието на публиката со својот најнов музички проект – синглот „Една солза“. Песната, премиерно објавена пред само еден ден, веднаш се наметна како емотивен хит, собирајќи илјадници прегледи и позитивни реакции на социјалните мрежи.

Музиката, текстот и аранжманот на „Една солза“ се потпишани од Јован Василевски, кој со својата внимателно скроена композиција создава современа, а сепак интимна атмосфера. Реализацијата на проектот се одвиваше во студио D1, а во продукцијата учествуваа и врвни македонски музичари: Димитар Михајлоски на виолина и Гоце Симоновски на гитара и бас, кои создадоа богат и пленителен инструментален аранжман што совршено го истакнува вокалниот израз на Петрески.

Вокалот на Наум Петрески и овојпат носи искреност и зрелост, пренесувајќи длабока емоција што директно допира до слушателот. „Една солза“ е уште едно потврдување за континуираната уметничка посветеност и продуктивност на пејачот, кој со долгогодишната кариера во македонската фолк сцена се издигнува како еден од највлијателните и најомилените изведувачи.

Continue Reading

Магазин

Најскапиот град на светот: Зошто богатството не значи среќа за жителите

seul

Општо е познато дека животот во големите градови е поскап, особено кога станува збор за кирија и домување. Но, понекогаш дури и самото излегување од дома може сериозно да ја погодне домашната каса

Редакцијата на „Тајм аут“ секоја година анктира десетици илјади жители низ целиот свет за да ја состави својата листа на најдобрите градови за живот. Иако квалитетот на ноќниот живот, гастрономијата и културните настани се важни, пристапноста – односно колку едноставно и евтино граѓаните можат да уживаат во секојдневните забави — е клучен фактор.

Во истражувањето, жителите на повеќе од 100 градови ги оценувале трошоците за одење во ресторани, кино, кафулиња, галерии и музеи, театар или стендап, концерти, барови и вечерни излегувања. Податоците покажаа кои градови навистина ги „трошат џебовите“ на своите жители и кои градови нудат забава што не ја празни сметката.

На врвот на листата на најскапи градови за излегување се најде Сеул. Само 30% од жителите сметаат дека оброк во ресторан е достапен, а само 21% сметаат дека вечерното излегување не ги оптоварува финансиските можности. Пијалакот во бар, пак, е евтин само за 27% од жителите.

Не е изненадување што Осло се појавува меѓу најскапите градови – главниот град на Норвешка традиционално важи за скап, особено кога станува збор за ресторани. Според анкетата, само 24% од Ословците сметаат дека оброкот во ресторан е финансиски прифатлив.

На листата се најдоа и Лондон, Сиднеј и Лос Анџелес, кои повторно се поклопуваат со извештајот на „Хенли енд партнерс“ за најскапи градови во светот. Лондон е прогласен за најскап град за ноќно излегување – само 16% од луѓето сметаат дека тоа е пристапно. Меѓутоа, британската престолнина го заслужува признанието за култура: 83% од лондончаните оцениле дека уметноста и културните настани во нивниот град се евтини или бесплатни.

На спротивната страна се наоѓаат Меделин и Богота во Колумбија, градови каде што локалното население ги смета излегувањата за многу пристапни. Во Меделин, 89% од жителите сметаат дека одењето во ресторан е евтино, 83% велат истото за пијалак во бар, а 94% дека кафето е достапно.

Изненадување за многумина е присуството на два големи кинески градови на листата на поволни дестинации. Пекинг и Шангај се истакнуваат по тоа што одењето во театар не е голем трошок – тоа го потврдуваат 73% од Пекинжани и 72% од Шангајци.

Единствениот американски претставник меѓу поволните градови е Њу Орлеанс, кој добива високи оценки за концерти во живо и пијалаци во барови.

Важно е да се потенцира дека истражувањето на „Тајм аут“ се концентрира исклучиво на трошоците за забава и излегувања, без да ги вклучи киријата, домувањето или секојдневните прехранбени трошоци.

Најскапи за излегување: Сеул, Истанбул, Осло, Стокхолм, Кјото, Атина, Сиднеј, Окланд, Минхен, Бризбејн, Лос Анџелес, Сингапур, Лондон, Ванкувер, Мајами.

Најповолни за излегување: Меделин, Богота, Пекинг, Њу Орлеанс, Наполи, Ханој, Чианг Мај, Шангај, Лима, Џакарта, Јоханесбург, Бангкок, Абу Даби, Сантијаго, Кејптаун.

Continue Reading

Магазин

Рим воведува наплата на билети за една од своите најголеми атракции

Градските власти во Рим размислуваат за воведување наплата за посетите на една од најпознатите туристички атракции во градот – Фонтаната Треви, поради сè поголемиот број туристи и проблемите со пренатрупаност во централното градско подрачје.

Фонтаната Треви, сместена во истоимениот кварт, со децении е симбол на Рим и место каде посетителите традиционално фрлаат парички за среќа. Обичајот стана светски познат по филмот „Три парички во фонтаната“, а според проценките, од фонтаната дневно се собираат околу 2.800 евра, односно повеќе од 900.000 евра годишно. Собраните средства се донираат на католичка добротворна организација.

Во првата половина од 2025 година, повеќе од 5,3 милиони туристи ја посетиле Фонтаната Треви, што предизвика бројни поплаки за преголеми гужви, долги редици и појава на џепчии. Како одговор на состојбата, од јануари се планира воведување два одделни влеза – еден за жителите на Рим и еден за туристите.

Италијанските медиуми објавија дека се разгледува можност од 7 јануари туристите да плаќаат билет од две евра за посета на фонтаната, што, според неофицијални проценки, би можело да донесе значителни приходи во градскиот буџет. Сепак, Градскиот совет на Рим соопшти дека засега нема конечна одлука и дека станува збор само за опција која е предмет на анализа.

Фонтаната Треви е доцнобарокно архитектонско дело, изградена во 18 век, со ширина од 20 и висина од 26 метри, и претставува најголемата фонтана во градот. Таа неодамна беше прогласена за една од најдобрите туристички атракции според изборот на патниците за 2025 година.

Поради пренатрупаноста, од минатата година бројот на посетители е ограничен на максимум 400 лица во исто време, а воведен е и систем за организирано чекање во ред. И покрај тоа, гужвите остануваат сериозен проблем, а не е јасно дали евентуалната наплата на билети ќе придонесе за негово решавање, со оглед на континуираниот раст на туризмот во Рим.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг