Connect with us

Република

Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип, најави нови инфраструктурни и образовни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот во општината.

Еден од клучните проекти е изградбата на нов пат кон зимскиот туристички центар Пониква, што ќе овозможи полесен и побрз пристап, без потреба од кружење и поминување низ соседните општини. Со намалено растојание, се очекува зголемена посетеност и развој на регионот.

Покрај патната инфраструктура, Тоневски најави и ново детско одмаралиште за учениците, кое ќе овозможи нови дружби и незаборавни моменти за младите.

„Пробиштип се сака со проекти, со дела! Со овие иницијативи градиме современа и функционална општина за сите граѓани“, истакна Тоневски.

Кандидатот ги повика граѓаните да го поддржат со број 9 на изборите, за, како што рече, „тебе, твоето место и твојата иднина“.

Видеото може да го погледнете тука

Република

Јавна расправа за урбанистичкиот план на новиот реонски центар во Нова Битола

Во салата на Советот на Општина Битола денеска се одржа јавна презентација на Деталниот урбанистички план за новиот реонски центар во населбата Нова Битола.

На настанот, граѓаните имаа можност детално да се запознаат со предлог-решенијата и активно да учествуваат во процесот со свои мислења, предлози и забелешки поврзани со планираниот развој на просторот.

Предложениот план предвидува создавање модерен и функционален урбан простор, со изградба на нов спортски комплекс, детска градинка, дом за стари лица, плоштад и повеќе јавни содржини наменети за жителите на овој дел од градот.

Јавната анкета за планот ќе трае до 16 јануари 2026 година, а заинтересираните граѓани дополнителни информации можат да добијат преку официјалната интернет-страница на Општина Битола.

Continue Reading

Република

Тоневски: Празнична радост од дечињата од градинката „Срничка“ во Општина Пробиштип

Во духот на новогодишните и божиќните празници, просториите на Општина Пробиштип денеска беа исполнети со детска радост и празнична атмосфера благодарение на посетата на дел од дечињата од детската градинка, објект „Срничка“.

Со искрени насмевки, ведрина и празнична магија, најмладите внесоа топлина во општинската зграда, создавајќи пријатна и емотивна атмосфера за сите присутни.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, истакна дека децата се срцето и иднината на секоја заедница и дека нивната безгрижна радост е најубав потсетник за вистинските вредности во општеството.

Тоневски им упати искрени честитки за претстојните празници, посакувајќи им на дечињата среќна, здрава и успешна Нова година, исполнета со љубов и детска смеа. Тој упати и благодарност до вработените во градинката „Срничка“ за нивната грижа, посветеност и љубов кон најмладите.

Continue Reading

Република

Камери за контрола на сообраќајот поставени на улиците во Тетово

Во Тетово започна поставувањето на камери од системот „Безбеден град“ на повеќе градски улици и булевари. За разлика од претходно, кога вакви камери имаше само на влезот во градот од скопска страна, сега тие се инсталираат и во самото градско подрачје.

Камери веќе се поставени на булеварите „Илинден“ и „Видое Смилевски-Бато“, а жителите велат дека забележале уреди и на други локации низ градот.

Граѓаните очекуваат новиот систем да помогне во намалување на сообраќајниот хаос, кој со години е еден од најголемите проблеми во Тетово.

„Поставувањето камери е неопходно со оглед на тоа каков сообраќаен хаос владее во градот. Останува да се види дали навистина ќе има ефект и дали граѓаните ќе почнат повеќе да ги почитуваат правилата“, вели жител на Тетово.

Други граѓани сметаат дека електронскиот систем ќе ја намали можноста за избегнување казни. „Тетово отсекогаш било специфично кога станува збор за почитување на сообраќајните правила. Но, кога казнувањето е автоматизирано, потешко е да се избегне одговорност“, истакнува жителка на градот.

Камери од системот „Безбеден град“ веќе се поставени во Скопје и Куманово, како и на автопатите „Мајка Тереза“ и „Пријателство“. Тест-периодот започна на 1 декември, а системот со изрекување казни официјално ќе почне да функционира од 1 февруари. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во првите 24 часа од тестирањето биле регистрирани над 110 илјади сообраќајни прекршоци.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг