Connect with us

Магазин

Викенд хороскоп за сите хороскопски знаци – 18 и 19 октомври: Еве што ви подготвиле ѕвездите за овој викенд

Овен

Овој викенд ќе почувствуваш потреба да ја вратиш контролата врз своите планови. Можни се обиди од другите да ти наметнат мислење, но твојата решителност ќе победи. Избегнувај расправии и фокусирај се на релаксирачки активности, спорт или кратко патување.

Бик

Ќе бидеш во поинтровертно расположение и ќе бараш мир. Совршен период за уредување на домот или кулинарски експерименти. Можно е ненадејно внимание или поддршка од блиска личност. Во љубовта – стабилност и потреба за повеќе емоционална топлина.

Близнаци

Викендот ќе биде полн со движење и разговори. Контакт од минатото може да донесе нови идеи или можности. Внимавај да не расфрлаш енергија – заврши едно пред да почнеш друго. Љубовта е жива, флертот неизбежен.

Рак

Стабилноста ти е важна. Викендов посвети се на семејството и решавање недоразбирања. Финансиски, избегнувај спонтани трошоци. Вечерта е идеална за романтична атмосфера и внатрешен мир.

Лав

Ќе зрачиш со позитивна енергија и привлечност. Луѓето ќе бараат твој совет или поддршка. Може да дојде до признание или мала победа што ќе го крене твојот морал. Внимавај на гордоста – не секој комплимент е предизвик.

Девица

Посакуваш дистанца од обврските и луѓето. Деновите се идеални за одмор, читање или прошетка во природа. Идеја што ја потиснувал долго време може да почне да се развива. Во љубовта, нежноста е поважна од зборовите.

Вага

Викендот носи пријатни изненадувања. Некој ќе покаже дека те цени, што ќе го зголеми твојот оптимизам. Можно е покана за излегување или настан. Финансиски, внимавај на деталите – проверувај пред да потпишеш нешто.

Скорпија

Не секогаш треба да бидеш силен. Прифати помош од близок. Ќе почувствуваш потреба за интимност и искрен разговор. Енергијата ти расте, но не форсирај – остави ги работите да се одвиваат природно.

Стрелец

Ќе имаш многу планови, но некои околности може да те забават. Не се нервирај – сè се случува со причина. Викендот носи дружење, нови познанства и мали авантури. Љубовта може да те изненади неочекувано.

Јарец

Чувствуваш потреба за промена – нова фризура, стил или енергија. Некој од работната средина ќе ти даде корисна идеја. Во љубовта е време да ги изразиш вистинските чувства.

Водолија

Интуицијата ти е засилена, слушај го внатрешниот глас. Можеш да решиш стар проблем со едноставен разговор. Пријателска покана може да донесе позитивна промена. Љубовта е динамична, со можни искри од минатото.

Риби

Викендот носи потреба за поврзување со значајни луѓе. Очекувај убаво признание или порака што ќе те трогне. Финансиски, работите се движат во подобра насока. Посвети време на себе и на сè што ти носи внатрешен мир.

Advertisement

Магазин

Со најновата песна „Една солза“, Наум Петрески повторно ја погодува публиката со секоја нота

naum petreski

Познатиот македонски фолк пејач Наум Петрески повторно го плени вниманието на публиката со својот најнов музички проект – синглот „Една солза“. Песната, премиерно објавена пред само еден ден, веднаш се наметна како емотивен хит, собирајќи илјадници прегледи и позитивни реакции на социјалните мрежи.

Музиката, текстот и аранжманот на „Една солза“ се потпишани од Јован Василевски, кој со својата внимателно скроена композиција создава современа, а сепак интимна атмосфера. Реализацијата на проектот се одвиваше во студио D1, а во продукцијата учествуваа и врвни македонски музичари: Димитар Михајлоски на виолина и Гоце Симоновски на гитара и бас, кои создадоа богат и пленителен инструментален аранжман што совршено го истакнува вокалниот израз на Петрески.

Вокалот на Наум Петрески и овојпат носи искреност и зрелост, пренесувајќи длабока емоција што директно допира до слушателот. „Една солза“ е уште едно потврдување за континуираната уметничка посветеност и продуктивност на пејачот, кој со долгогодишната кариера во македонската фолк сцена се издигнува како еден од највлијателните и најомилените изведувачи.

Continue Reading

Магазин

Најскапиот град на светот: Зошто богатството не значи среќа за жителите

seul

Општо е познато дека животот во големите градови е поскап, особено кога станува збор за кирија и домување. Но, понекогаш дури и самото излегување од дома може сериозно да ја погодне домашната каса

Редакцијата на „Тајм аут“ секоја година анктира десетици илјади жители низ целиот свет за да ја состави својата листа на најдобрите градови за живот. Иако квалитетот на ноќниот живот, гастрономијата и културните настани се важни, пристапноста – односно колку едноставно и евтино граѓаните можат да уживаат во секојдневните забави — е клучен фактор.

Во истражувањето, жителите на повеќе од 100 градови ги оценувале трошоците за одење во ресторани, кино, кафулиња, галерии и музеи, театар или стендап, концерти, барови и вечерни излегувања. Податоците покажаа кои градови навистина ги „трошат џебовите“ на своите жители и кои градови нудат забава што не ја празни сметката.

На врвот на листата на најскапи градови за излегување се најде Сеул. Само 30% од жителите сметаат дека оброк во ресторан е достапен, а само 21% сметаат дека вечерното излегување не ги оптоварува финансиските можности. Пијалакот во бар, пак, е евтин само за 27% од жителите.

Не е изненадување што Осло се појавува меѓу најскапите градови – главниот град на Норвешка традиционално важи за скап, особено кога станува збор за ресторани. Според анкетата, само 24% од Ословците сметаат дека оброкот во ресторан е финансиски прифатлив.

На листата се најдоа и Лондон, Сиднеј и Лос Анџелес, кои повторно се поклопуваат со извештајот на „Хенли енд партнерс“ за најскапи градови во светот. Лондон е прогласен за најскап град за ноќно излегување – само 16% од луѓето сметаат дека тоа е пристапно. Меѓутоа, британската престолнина го заслужува признанието за култура: 83% од лондончаните оцениле дека уметноста и културните настани во нивниот град се евтини или бесплатни.

На спротивната страна се наоѓаат Меделин и Богота во Колумбија, градови каде што локалното население ги смета излегувањата за многу пристапни. Во Меделин, 89% од жителите сметаат дека одењето во ресторан е евтино, 83% велат истото за пијалак во бар, а 94% дека кафето е достапно.

Изненадување за многумина е присуството на два големи кинески градови на листата на поволни дестинации. Пекинг и Шангај се истакнуваат по тоа што одењето во театар не е голем трошок – тоа го потврдуваат 73% од Пекинжани и 72% од Шангајци.

Единствениот американски претставник меѓу поволните градови е Њу Орлеанс, кој добива високи оценки за концерти во живо и пијалаци во барови.

Важно е да се потенцира дека истражувањето на „Тајм аут“ се концентрира исклучиво на трошоците за забава и излегувања, без да ги вклучи киријата, домувањето или секојдневните прехранбени трошоци.

Најскапи за излегување: Сеул, Истанбул, Осло, Стокхолм, Кјото, Атина, Сиднеј, Окланд, Минхен, Бризбејн, Лос Анџелес, Сингапур, Лондон, Ванкувер, Мајами.

Најповолни за излегување: Меделин, Богота, Пекинг, Њу Орлеанс, Наполи, Ханој, Чианг Мај, Шангај, Лима, Џакарта, Јоханесбург, Бангкок, Абу Даби, Сантијаго, Кејптаун.

Continue Reading

Магазин

Рим воведува наплата на билети за една од своите најголеми атракции

Градските власти во Рим размислуваат за воведување наплата за посетите на една од најпознатите туристички атракции во градот – Фонтаната Треви, поради сè поголемиот број туристи и проблемите со пренатрупаност во централното градско подрачје.

Фонтаната Треви, сместена во истоимениот кварт, со децении е симбол на Рим и место каде посетителите традиционално фрлаат парички за среќа. Обичајот стана светски познат по филмот „Три парички во фонтаната“, а според проценките, од фонтаната дневно се собираат околу 2.800 евра, односно повеќе од 900.000 евра годишно. Собраните средства се донираат на католичка добротворна организација.

Во првата половина од 2025 година, повеќе од 5,3 милиони туристи ја посетиле Фонтаната Треви, што предизвика бројни поплаки за преголеми гужви, долги редици и појава на џепчии. Како одговор на состојбата, од јануари се планира воведување два одделни влеза – еден за жителите на Рим и еден за туристите.

Италијанските медиуми објавија дека се разгледува можност од 7 јануари туристите да плаќаат билет од две евра за посета на фонтаната, што, според неофицијални проценки, би можело да донесе значителни приходи во градскиот буџет. Сепак, Градскиот совет на Рим соопшти дека засега нема конечна одлука и дека станува збор само за опција која е предмет на анализа.

Фонтаната Треви е доцнобарокно архитектонско дело, изградена во 18 век, со ширина од 20 и висина од 26 метри, и претставува најголемата фонтана во градот. Таа неодамна беше прогласена за една од најдобрите туристички атракции според изборот на патниците за 2025 година.

Поради пренатрупаноста, од минатата година бројот на посетители е ограничен на максимум 400 лица во исто време, а воведен е и систем за организирано чекање во ред. И покрај тоа, гужвите остануваат сериозен проблем, а не е јасно дали евентуалната наплата на билети ќе придонесе за негово решавање, со оглед на континуираниот раст на туризмот во Рим.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг