Костадиновски убедливо води во Јегуновце со над 2.700 гласа предност

Според првичните резултати од изборите за градоначалник на општина Јегуновце, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Костадиноски, бележи убедливо водство пред останатите кандидати.

Костадиноски освоил 2.738 гласа, значително повеќе од кандидатот на ДУИ, Насир Абази, кој добил 967 гласа. Кандидатот на СДСМ, Дарко Блажески, има 637 гласа, додека евидентирани се и 281 неважечко ливче.

Резултатите покажуваат јасна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина, а официјалните податоци се очекуваат по завршување на обработката на сите избирачки места.