Планирани исклучувања на струја во Скопје на 22 октомври – еве ги засегнатите населби

Жителите на неколку скопски населби ќе се разбудат без електрична енергија во среда, 22 октомври 2025 година. Според најавите од енергетските власти, станува збор за планирани прекини поради технички зафати и подобрување на дистрибутивната мрежа.

Прекините ќе опфатат делови од Кисела ВодаЦентарКарпошДолно Лисиче, како и населбите Сарај и Ајдинци, со времетраење од неколку до дури осум часови!

Еве ги засегнатите локации и временскиот распоред:

Кисела Вода

  • Бул. Борис Трајковски околу ОХИС (ул.1523) – од 09:00 до 12:00
  • Дел од бул. Борис Трајковски кон Драчево (од бр.77 до 85) – од 09:00 до 12:00

Центар

  • Ул. Питу Гули (околу Српската амбасада) – од 09:00 до 13:00
  • Блок згради од бул. Партизански одреди бр.17 до ул. Максим Горки – од 09:00 до 15:00

Карпош

  • Дел од ул. Пијанец – од 09:00 до 14:30

Долно Лисиче

  • Одредени делови од населеното место – од 08:00 до 14:00

Сарај

  • Корисниците на ул. 4 и ул. 10 – од 08:30 до 14:30

Ајдинци и околината (Мала Река, Карачица, Солунска Глава)

  • Цело подрачје – од 08:30 до 16:00

Граѓаните се советуваат навремено да ги завршат сите обврски поврзани со електрична енергија и да преземат мерки за заштита на електронските уреди.