Трамп се закани со копнени операции: “Ќе ги удриме многу јако”

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација има овластување за напади на бродови кај Венецуела за кои тврди дека пренесуваат дрога, но дека би можел да се обрати и до Конгресот доколку реши да започне копнени операции.

„Ќе удриме многу силно ако дејствуваме копнено. Веројатно ќе го информираме Конгресот и ќе објасниме што правиме“, рече Трамп.

Тој додаде дека би можел да преземе и „многу сериозни акции“ против Колумбија поради нејзината улога во меѓународната трговија со наркотици, нарекувајќи го колумбискиот претседател Густаво Петра „лош тип“.