Connect with us

Република

Лишени од слобода две лица во Тетово, физички нападнале полициски службеници и кај едниот е пронајдена марихуана

На 24.10.2025 во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и зато ашто при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана.

Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен е претрес, при што се пронајдени 18 марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 215 и член 383 од Кривичниот законик.

Advertisement

Република

Новогодишен маратон во Кичево: Настапи, Дедо Мраз и голема музичка вечер

Општина Кичево ги објави долгочекуваните детали за дводневната програма со која ќе се одбележи дочекот на Новата 2026 година на градскиот плоштад, понудена со цел да ги обедини сите жители и гости во празнична атмосфера. Градоначалникот Д-р Александар Јовановски ја истакна позитивната енергија и богатството на настаните, кои ќе понудат забава и музика за сите генерации.


Празничните случувања започнуваат на 30 декември во 12:30 часот со настапи на локални играорни групи составени од учесници од различни етнички заедници, со што се нагласува културната разновидност и заедништво во Кичево. 


На 31 декември програмата е посветена на најмладите: од 11:30 часот ќе следува детска новогодишна забава со настапи на „Академија Кристина“ и дуетот „Биби и Боби“, а кулминацијата ќе биде пристигнувањето на Дедо Мраз, кој ќе им подели пакетчиња на децата од градските градинки.


Во вечерните часови на 31 декември, со почеток во 20:00 часот, започнува големата музичка програма што ќе донесе празнична атмосфера и забава за сите генерации. На сцената се најавени настапи на повеќе музички имиња, меѓу кои се Ани Малинкова, Елвис Зенкоски, Јасмин Хусоски, Дарко Стојаноски, Дамјан Стојаноски, Сузана Спасовска, Rozafa Etemi & Black Jack, како и групите Љубојна, Фолтин, Addicted Band, Phoenix Band и Future Band.
Граѓаните се поканети да се приклучат на прославата, да уживаат во музиката, заедништвото и празничната атмосфера и заедно да ја дочекаат Новата 2026 година.

Continue Reading

Република

Коњановски потпиша меморандум за поддршка на „Специјална олимпијада – Битола“

Општина Битола и Спортскиот клуб „Специјална олимпијада – Битола“ потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува стратешка, долгорочна и одржлива соработка насочена кон развој на спортските активности и инклузијата на лица со интелектуални попречености.

Меморандумот го потпиша градоначалникот Тони Коњановски, со што општината се обврзува да обезбеди институционална, логистичка и организациска поддршка за активностите и настаните на клубот, користење на спортски објекти согласно условите и процедурите, поддршка во промоција на инклузивни спортски програми и јавни кампањи, како и соработка во развој на локални инклузивни политики и иницијативи.

Спортскиот клуб „Специјална олимпијада – Битола“, предводен од претседателката Ана Котевска, ќе реализира спортски тренинзи и програми согласно стандардите на „Специјална олимпијада“, ќе ја информира навремено општината за планираните активности од заеднички интерес и ќе работи на вклучување на лица со интелектуални попречености во спортски програми и натпревари, во соработка со општински институции, училишта и спортски субјекти.

Меморандумот се склучува на период од четири години, со можност за продолжување, и предвидува заедничка организација на спортски манифестации, фестивали и јавни настани, промоција на инклузивни вредности и подигање на јавната свест, поддршка за тренери и волонтери, како и создавање услови за одржлив развој на програмите на „Специјална олимпијада“ во Битола.

Continue Reading

Република

ДЗС апелира: Почитувајте ги правилата за бројот на гости и осигурајте противпожарна заштита

dzs

Со приближувањето на празничните денови и традиционалните предновогодишни и новогодишни прослави, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) упатува силен апел до сопствениците и организаторите на настани: безбедноста на посетителите не смее да се занемари.

Од ДЗС потсетуваат дека секој угостителски објект мора да ги почитува пропишаните мерки за заштита од пожари, како и да обезбеди брза и сигурна евакуација во случај на итни ситуации. Коридорите и излезните патишта треба постојано да бидат чисти и проодни, а излезните врати за евакуација – отклучени и функционални.

Посебен акцент се става и на противпожарната опрема: таа мора да биде исправна, достапна и редовно одржувана. Забранета е употребата на пиротехника и отворен пламен во затворени простории, како и другите опасни материјали кои можат да го загрозат животот и здравјето на посетителите.

ДЗС исто така нагласува дека капацитетот на објектите мора строго да се почитува, а персоналот да биде добро информиран и подготвен да реагира при било каква опасност.

„Нашата цел е превенција и заштита – како на граѓаните, така и на материјалните добра. Апелираме до сите организатори да постапуваат одговорно и да ги почитуваат законските регулативи“, велат од ДЗС.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг