Connect with us

Црна Хроника

Се трага по 13 годишно девојче од Кочани!

policija

Во Полициската станица Кочани ноќта на 23 октомври 2025 година, околу 00:30 часот, М.Ф. (43) од Кочани пријавила дека од нивниот дом се оддалечила нејзината 13-годишна ќерка М.Ф.

Полицијата веднаш презела мерки за пронаоѓање на девојчето и работи на расветлување на околностите под кои исчезнало.

Advertisement

Црна Хроника

Полицијата му стави лисици: Баран за тешки кривични дела конечно уапсен

Лишено од слобода лице барано по потерница за издржување казна затвор

Вчера (18.12.2025), во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.

Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.

По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.

Continue Reading

Црна Хроника

Дрога, ваги и лабораторија: Полицијата разби семеен бизнис 

Вчера во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица. 

При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана. 

Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.

Continue Reading

Црна Хроника

Дресот на Рокдејл Илинден на јавниот споменик за жртвите од терористичкиот напад во Бонди

На јавниот споменик посветен на жртвите од терористичкиот напад во Бонди, денеска беше поставен дресот на Рокдејл Илиден, во чест на Дан Елкајам, кој го загуби животот за време на трагичниот настан. Овој симболичен чин има за цел да ја оддаде почитта кон неговата храброст и да потсети на трагичните настани кои го потресоа градот.

Граѓаните, семејствата на жртвите и претставници на локалната заедница присуствуваа на церемонијата, носејќи цвеќиња и запалени свеќи како знак на почит. „Овој дрес не е само облека, туку симбол на сеќавање и единство против насилството“, рече еден од организаторите на настанот.

Поставувањето на дресот е дел од поширока иницијатива за зачувување на меморијата на жртвите и за подигнување на јавната свест за важноста на солидарноста и мирот во општеството.

Facebook

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг