Connect with us

Економија

Блок-зделки со Макпетрол ја зголемија ликвидноста, обврзничкиот пазар остана без активности

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во периодот од 20 до 24 октомври 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 220 трансакции, со вкупна вредност од 85,4 милиони денари и 32.294 тргувани хартии од вредност. Индексот МБИ10 неделата ја заврши без промена, на ниво од 10.355,27 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 128,27 поени.

Најтргувани хартии од вредност 

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 23.110.746 денари

● Гранит АД Скопје (GRN) – 46.758.635 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 5.580.817 денари

Топ добитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,49%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) +0,09%

Топ губитници

● Реплек АД Скопје (RPK) –1,38%

● Стопанска банка Битола (STBBT) –2,97%

● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) –1,02%

Блок-зделки

Во текот на неделата беа реализирани две блок-зделки со акциите на Макпетрол, во вкупна вредност од 45,65 милиони денари.

Обврзнички пазар

На обврзничкиот пазар не беа реализирани трансакции, со што индексот ОМБ остана непроменет на 128,27 поени.

Неделата од 20 до 24 октомври 2025 година се одликуваше со висока ликвидност, поттикната од зголемената активност кај Гранит и Комерцијална банка, како и од двете блок-зделки со Макпетрол. Индексот МБИ10 остана стабилен без значителни промени, а најголем раст бележат Алкалоид и Стопанска банка. Обврзничкиот пазар повторно беше без активности, при задржување на стабилно ниво на индексот ОМБ.

 

Advertisement

Економија

Профитите на германските автомобилски гиганти паднаа на најниско ниво од 2009 година

Германската автомобилска индустрија бележи најтежок квартал во последните 15 години. Според анализа на консултантската фирма EY, оперативните профити на Volkswagen, BMW и Mercedes-Benz меѓу јули и септември се намалиле за 76%, достигнувајќи околу 1,7 милијарди евра.

Ова претставува најниско ниво на профит од 2009 година, иако вкупниот приход и продажба останале релативно стабилни. Ниту една друга земја со значајна автомобилска индустрија не забележала толку слаби резултати.

Продажбата на германски автомобили падна најмногу во Кина, за 9%, додека уделот на кинескиот пазар во вкупната продажба се намали од 39% на 29%. Продажбата на премиум модели се намалува, а во сегментот на електрични возила купувачите се повеќе се одлучуваат за локални брендови.

Во Германија, компаниите Bosch, Mercedes и Volkswagen веќе најавија намалување на бројот на вработени. EY предупредува дека ваквите мерки се болни, но неизбежни.

Continue Reading

Економија

Историски удар за германската автомобилска индустрија: Волксваген ја затвора фабриката во Дрезден

Германската автомобилска индустрија се соочува со сериозни предизвици откако Волксваген најави дека ќе ја запре производството во својата фабрика во Дрезден. Ова е прво затворање на фабрика во Германија во 88-годишната историја на компанијата, што означува историски момент за индустријата која долго време беше мотор на германската економија.

Причините за затворањето се поврзуваат со структурните промени во автомобилската индустрија, особено транзицијата кон електрични возила и потребата за намалување на трошоците. Од Волксваген соопштуваат дека ќе преземат мерки за поддршка на вработените, вклучително и понуди за пренасочување кон други објекти и програми за обука.

Експертите предупредуваат дека ова затворање може да има пошироки последици врз германската економија и добавувачите во автомобилскиот сектор, особено во регионот околу Дрезден. Автомобилската индустрија во Германија, која долго време беше симбол на технолошка извонредност и економска стабилност, сега се соочува со потреба од брзи адаптации за да остане конкурентна на глобалниот пазар.

Continue Reading

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Поевтинуваат горивата од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат. Поевтинуваат горивата за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.

Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг