Албин Курти не успеа да биде реизбран за премиер на Косово

Албин Курти не успеа да добие нов мандат како премиер, откако парламентот не го одобри неговиот кабинет. Гласањето заврши со 56 пратеници за, 52 против и 4 воздржани.

Ова е првпат во историјата на земјата мандатарот да не успее да добие поддршка од парламентот за формирање на влада, што отвора нова политичка неизвесност и потреба за преговори меѓу политичките партии за формирање нова влада.