Connect with us

Црна Хроника

Дете ОСТАНАТО САМО во Тетово – Причината ќе ве остави без зборови!

policija tetovo

На 24.10.2025 01:30 часот во СВР Тетово, Е.А. од Тетово пријавил дека пред угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово пронашол малолетник на возраст од околу 9 години кое било изгубено и не комуницирал. Веднаш било постапено по пријавата и било констатирано дека малолетникот е од Шуто Оризари-Скопје и дека неговиот татко се вика Е.М., кој со други деца со комбе биле донесени во Тетово за питачење и околу 22:00 часот комбето со други деца заминале за Скопје, а него го заборавиле во Тетово. Известени биле претставници од Центар за социјални работи Тетово,  кои по документирање на случајот, детето го предале на претставници од Центар за социјални работи-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Advertisement

Црна Хроника

Лажел дека е туристички агент и украл 6.080 евра

Кривична пријава за измама поднел СВР Куманово против Е.Б.(33) од Куманово.

Како што соопшти полицијата, тој се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и на измама од едно лице, за резервација за летување за две семејства во Турција, зел 373 890 денари (6.080 евра), соопшти СВР Куманово.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична за багеристот што го остави Тетово без струја

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А. (44) од с. Боговиње, како и против Ф.А. (45) од с. Боговиње, управител на правен субјект, товарејќи ги за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 29 септември, првопријавениот во дворот од Клиничка болница Тетово, додека работел со багер во сопственост на правното лице, оштетил електрични кабли за струја, по што, голем дел од градот Тетово останал без електрична енергија.

Continue Reading

Црна Хроника

Интервентната полиција приведе тежок криминалец – МВР со детали

Лишено од слобода лице барано со потерница за издржување казна затвор

Денеска (18.12.2025) во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода Е.Т. (26) од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.

По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг