Connect with us

Црна Хроника

Приведени двајца фудбалери на ФК „Беса“ по тепачка на натпревар со ФК „Аеродром“

Кумановската полиција приведе двајца фудбалери на клубот „Беса“ од липковското село Слупчане, поради физички напад врз играчи од гостинскиот клуб „Аеродром“ од Скопје, потврдија од СВР Куманово.

Инцидентот се случил вчера околу 18:30 часот за време на натпреварот во Слупчане, кога играчите О.Д. (32) и Е.А. (18), двајцата од Куманово, физички ги нападнале противничките фудбалери.

Полицијата веднаш интервенирала и ги лишила од слобода напаѓачите. Од СВР Куманово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите инволвирани лица.

По завршување на истрагата, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Advertisement

Црна Хроника

Организирана група дрвокрадци разбиена во кумановско-липковскиот регион

При заедничка акција на ЈП „Македонски шуми“, Шумската полиција, Граничната полиција и СВР Куманово, во кумановско-липковскиот регион е разбиена поголема организирана група инволвирана во нелегална сеча и транспорт на огревно дрво во близина на границата со Косово.

Во рамки на акцијата, која се спроведувала неколку дена, одземена е поголема количина огревно дрво од повеќе локации, меѓу кои Злокуќани, Руница, Матејче и месноста Буково кај Белановце. Приведени се неколку косовски државјани, а запленето е и едно ТМВ комбе со фалсификувана документација.

Информацијата ја објави Кире Михаилов, заменик-директор на ЈП „Македонски шуми“, кој соопшти дека против повеќе познати и непознати сторители се поднесени соодветни пријави.

„Во добро координирана акција, со учество на Шумската полиција од Куманово, Граничната полиција РЦ Север и СВР Куманово, беше сузбиена група дрвокрадци која подолг период оперирала во регионот. Одземена е значителна количина дрвни сортименти, а во Матејче е конфискувано и комбе со фалсификувани документи“, наведува Михаилов.

На лице место во Буково приведени се три лица, косовски државјани, кои биле дел од организираната група и истите се изведени пред судија на претходна постапка. Проценките се дека материјалната штета од нелегалната сеча на конфискуваното дрво надминува 300.000 денари, додека вкупната штета што групата ја предизвикала во подолг период се проценува на неколку милиони денари.

Надлежните најавуваат дека во наредниот период ќе се спроведе и дополнителна истрага за евентуална поврзаност на поединци од шумочуварската служба со оваа организирана група.

Continue Reading

Црна Хроника

Полициска акција во Штип: Лишени од слобода неколку полицајци

Вечерва во Штип се спроведува полициска акција. Според досегашните информации, во акцијата се лишени од слобода неколку полициски службеници.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврдија дека акцијата е во тек. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Извор: 24info.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Пет лица нападнале 19-годишна девојка во Тетовско

Пет лица од тетовското село Желино се осомничени дека физички нападнале 19-годишна девојка од истото село, соопшти СВР Тетово. Против нив е поднесена кривична пријава за кривичното дело „насилство“.

Станува збор за П.А. (28), С.А. (30), Е.А. (23), Г.А. (44) и А.А. (19). Инцидентот се случил на 26 септември 2025 година, по претходна расправија која ескалирала во физички напад.

Од полицијата информираат дека случајот е целосно расчистен и документиран, а натамошните мерки ќе ги одлучи надлежното обвинителство. Засега нема официјални информации за тежината на повредите на младата девојка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг