Путин: Русија ја тестира нуклеарната ракета „Skyfall“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија успешно го спровела завршниот тест на новата крстосувачка ракета со нуклеарен погон „Буревестник“, која НАТО ја означува со името „SSC-X-9 Skyfall“.

Путин потврди дека тестирањето било успешно и нагласи дека станува збор за ракета со долг дострел, која не само што може да носи нуклеарна боева глава, туку и сама е на нуклеарен погон, пренесува DW.