Вечерва западниот дел на Турција беше погоден од земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала, соопштија сеизмолошките служби.
Епицентарот на потресот бил на околу 63 километри југоисточно од градот Баликесир, кој има близу 238.000 жители, и 11 километри југоисточно од населеното место Сындыргы.
Според првичните информации, нема пријави за поголеми материјални штети или повредени лица. Локалните власти сепак апелираат до граѓаните да останат внимателни и да ги следат безбедносните препораки, особено доколку се појават реплики.
Сеизмолозите предупредуваат дека регионот на западна Турција е особено чувствителен на земјотреси поради активните тектонски линии, и најавуваат можност за нови потреси во наредните часови.
