Connect with us

Република

Проданоски го доби уверението за градоначалник на Прилеп: Со посветеност и нова енергија кон подобар град

Новиот градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денес официјално го доби уверението за избран градоначалник од Општинската изборна комисија.

„Ова е голема чест, но и уште поголема одговорност која со гордост и посветеност ја прифаќам,“ изјави Проданоски, кој им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба и поддршка во визијата за подобар и помодерен Прилеп.

Тој најави дека ќе работи чесно, одговорно и посветено, во соработка со новиот Совет на Општина Прилеп, во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната политичка или етничка припадност.

Во своето обраќање Проданоски упати благодарност и до досегашниот градоначалник Борче Јовчески за неговиот ангажман и придонес во развојот на општината.

„Верувам дека со почит, континуитет и нова енергија ќе продолжиме да градиме уште поуспешен и поубав Прилеп. Нè очекува многу работа, но со заедничка сила, идеи и соработка, сигурен сум дека ќе успееме,“ порача Проданоски.

Република

Повеќе тетовски села утре без електрична енергија поради планирани прекини

evn

Повеќе села во тетовскиот регион утре, 18 декември, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето со струја, информираат надлежните служби.

Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат делови од селото Челопек, и тоа објекти лоцирани во средниот дел на селото, како и објекти во близина на училиштето. Исто така, прекин во снабдувањето ќе има и во селото Милетино, каде без електрична енергија ќе останат објекти во близина на автобуската станица во т.н. Македонско Маало.

Планиран прекин е најавен и за селото Порој, каде дел од населението исто така ќе биде без струја во истиот временски интервал.

Од надлежните апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски и информираат дека прекините се дел од редовни активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.

Continue Reading

Република

Проданоски ги отвори вратите на Општината за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и надлежностите на градоначалникот.

Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со работата на општината, поставувајќи бројни интересни и искрени прашања, на кои градоначалникот одговараше низ пријатен и едукативен разговор.

Проданоски истакна дека ваквите средби се особено значајни, бидејќи ја поттикнуваат младата генерација да развива интерес за општествените процеси и институциите.

„На младите им припаѓа иднината, а наша обврска е континуирано да работиме на подобрување на условите за живот и создавање подобра и посигурна иднина за нив“, порача градоначалникот Проданоски.

Continue Reading

Република

Општина Битола инсталира фотоволтаици во уште три училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на договорот со Фондацијата Отворено Општество, со кој Општината ќе добие донација за поставување фотоволтаици на уште две основни училишта – „Св. Климент Охридски“ и централното училиште „Даме Груев“.

Анексот претставува дополнување на претходниот договор, со кој минатата година беа инсталирани фотоволтаици на шест основни училишта во градот.

Во рамки на заложбата за искористување на обновливата енергија, Општината ќе постави фотоволтаици од сопствени средства и на една од зградите на основното училиште „Гоце Делчев“.

Овој проект е дел од стратегијата на Општина Битола за поддршка на одржливи решенија и намалување на трошоците за енергија во образовните институции.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг