Connect with us

Република

Три нови битолски училишта ќе добијат соларни панели

До крајот на учебната година, три нови основни училишта во Битола ќе добијат фотоволтаични системи, соопшти Општина Битола. Ова е дел од продолжените активности на локалната самоуправа за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во образовните установи.

Во текот на изминативе денови се вршат теренски проверки на покривите на училиштата и проценка за најсоодветна позиција за поставување на соларните панели. По завршувањето на анализите и објавувањето на тендерските постапки, ќе следува реализацијата, односно поставувањето на новите фотоволтаични централи за производство на електрична енергија.

Се очекува воведувањето на фотоволтаиците да донесе значителни заштеди во трошоците за електрична енергија и да придонесе кон намалување на јаглеродните емисии во општината.

До сега, на 10 објекти на основни и средни училишта во Битола се поставени сончеви панели. Првата фотоволтаична електрична централа беше поставена кон крајот на 2023 година на објектот на училиштето и градинката во населбата Долно Оризари, а во 2024 година беа поставени уште девет – три на средни и шест на основни училишта.

Advertisement

Република

Повеќе тетовски села утре без електрична енергија поради планирани прекини

evn

Повеќе села во тетовскиот регион утре, 18 декември, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето со струја, информираат надлежните служби.

Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат делови од селото Челопек, и тоа објекти лоцирани во средниот дел на селото, како и објекти во близина на училиштето. Исто така, прекин во снабдувањето ќе има и во селото Милетино, каде без електрична енергија ќе останат објекти во близина на автобуската станица во т.н. Македонско Маало.

Планиран прекин е најавен и за селото Порој, каде дел од населението исто така ќе биде без струја во истиот временски интервал.

Од надлежните апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски и информираат дека прекините се дел од редовни активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.

Continue Reading

Република

Проданоски ги отвори вратите на Општината за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и надлежностите на градоначалникот.

Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со работата на општината, поставувајќи бројни интересни и искрени прашања, на кои градоначалникот одговараше низ пријатен и едукативен разговор.

Проданоски истакна дека ваквите средби се особено значајни, бидејќи ја поттикнуваат младата генерација да развива интерес за општествените процеси и институциите.

„На младите им припаѓа иднината, а наша обврска е континуирано да работиме на подобрување на условите за живот и создавање подобра и посигурна иднина за нив“, порача градоначалникот Проданоски.

Continue Reading

Република

Општина Битола инсталира фотоволтаици во уште три училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на договорот со Фондацијата Отворено Општество, со кој Општината ќе добие донација за поставување фотоволтаици на уште две основни училишта – „Св. Климент Охридски“ и централното училиште „Даме Груев“.

Анексот претставува дополнување на претходниот договор, со кој минатата година беа инсталирани фотоволтаици на шест основни училишта во градот.

Во рамки на заложбата за искористување на обновливата енергија, Општината ќе постави фотоволтаици од сопствени средства и на една од зградите на основното училиште „Гоце Делчев“.

Овој проект е дел од стратегијата на Општина Битола за поддршка на одржливи решенија и намалување на трошоците за енергија во образовните институции.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг