Балканскиот рис забележан меѓу есенските бои на Македонија [ВИДЕО]

Здружението „Еко Фазан“ го забележа Балканскиот рис меѓу жолтите есенски листови. Видеото е снимено од Лутфи Османи, член на здружението, а точната локација не е откриена.

Балканскиот рис е критично загрозено ендемско животно од Југоисточен Балкан. Главните упоришта се Националниот парк „Маврово“ во Македонија и планината Мунела во Албанија, а поединци се забележани и во Косово, со можност за присуство и во Црна Гора и Грција.

Се проценува дека популацијата брои помалку од 50 возрасни единки, со распостранетост од околу 6200 km². Присуството на овој редок предатор ја покажува богатата природна разноврсност и активноста на локалните здруженија за заштита на природата.