Connect with us

Република

ЕМА ЗАФИРОВА ЈА ОСВОИ ГЛАВНАТА НАГРАДА НА 33. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА АМАТЕРСКИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ВО БИТОЛА

Во Малата сала на Центарот за култура во Битола синоќа беше отворен 33. Интернационален фестивал на аматерски документарен филм, во присуство на учесниците, жирито и љубителите на документарниот жанр.

Фестивалот го отвори Стефан Хаџиантоновски, претседател на кино-клубот „Студио Милтон Манаки“, кој потсети дека годинава се одбележуваат 120 години од купувањето на легендарната „Камера 300“ и снимањето на првиот документарен филм на Балканот – филмот за баба Деспина, снимен во 1905 година.

На фестивалот пристигнале 28 филмови, од кои 12 се натпреваруваа за награди.

Главната награда, Гран при, ја доби Ема Зафирова од Велика Британија (по потекло од Македонија) за филмот „Мајчински инстинкти“.

Златната плакета „Камера 300“ ѝ беше доделена на Валентина Андреиќ за „Три манастирски цркви во Куманово“, а сребрениот медал на УНИКА го доби Надица Петровиќ за „Макраме“.

Плакетата, која традиционално ја доделува Општина Битола, отиде кај Франц Моге од Словенија за филмот „Клукајдрвци“, а специјални признанија добија Ноела Нечковска, Љупчо Ристевски и Љупчо Паунковски за своите документарни остварувања.

Advertisement

Република

Во Битола свечено отворен почесен конзулат на Австрија

Со пригодна свеченост денеска во Битола беше отворен конзулатот на Австрија, а функцијата почесен конзул ќе ја врши битолчанецот Игор Божиновски.

Конзулатот на Австрија се наоѓа на улицата „Виенска“ во Битола.

На свеченоста која се одржа се обрати австрискиот амбасадор Мартин Памер, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, конзулот Игор Божиновски и градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Градоначалникот Коњановски пред присутните ја истакна важноста на отворањето на уште еден конзулат во Битола, а со тоа и интензивирање на соработката со Австрија.

„Битола од денеска е побогата за уште еден конзулат, сега од пријателската држава Австрија, со што го враќаме епитетот Битола конзулски град“ истакна Коњановски пред присутните гости, дипломатскиот кор, пратеници и други гости.

Со ова Битола има седум почесни и два генерални конзулати.

Continue Reading

Република

Битола го одбележа Денот на својот заштитник: Литургија и литија во чест на Св. Нектариј Битолски

Со света архиерејска литургија и свечена литија, денес во Битола беше одбележан Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на градот. Верници од Битола се собраа во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, каде што се одржа Светата Божествена Литургија во чест на преподобниот Нектариј, кој се упокоил на 5 декември 1500 година.

На литургијата присуствуваа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, заедно со бројни верници.

По завршувањето на богослужбата, голем број присутни верници пристапија кон Светата Причест. Потоа, согласно долгогодишната традиција, низ повеќе битолски улици се одржа свечена литија, во која учествуваа бројни граѓани.

По повод празникот, градоначалникот Тони Коњановски упати честитка до битолчани, посакувајќи Свети Нектариј Битолски постојано да биде нивен духовен заштитник и водилка.

„На сите сограѓани им го честитам Денот на Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието да го исполнуваме со љубов, меѓусебно почитување и добрина, вредности со кои ќе ја градиме иднината на Битола и на генерациите што доаѓаат“, порача градоначалникот Коњановски.

Continue Reading

Република

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ДЕЛ ОД ТЕТОВО И СЕЛОТО ДОБРОШТЕ

Утре, 19 декември 2025 година, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од град Тетово и едно тетовско село.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците на улица 114 кај СИЗ во Тетово.

Во исто време, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде и дел од селото Доброште, поточно објектите кои се наоѓаат во близина на старата џамија.

Од надлежните информираат дека прекинот е поради планирани интервенции со цел подобрување на сигурноста на електроснабдувањето.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг