Connect with us

Црна Хроника

Гостиварец при увид фрлил пиштол – полицијата интервенирала

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.А. (26) од селото Сенокос, гостиварско, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, тргување и држење на огнено оружје или распрскувачки материи“.

Како што информира МВР, на 21 октомври 2025 година, полициски службеници од Полициското одделение Галате, при извршување службени активности во селото Сенокос, забележале група лица, од кои едниот фрлил пиштол.

При службениот разговор, 26-годишниот М.А. признал дека фрленото оружје е негово. Против него е поднесена соодветна кривична пријава, а случајот е предаден на надлежното обвинителство.

Advertisement

Црна Хроника

Приведени осум лица, меѓу нив и малолетници – МВР со детали

На 14/15.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Е.(19) од с.Кондово, скопско, Т.П.(42), С.Б.(27), Б.Б.(37), Ф.Ч.(33), И.А.(37) и двајца 16-годишници, сите од Скопје.

Приведени се затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и нож.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading

Црна Хроника

Хорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 23.05.2025 на локалниот пат с.Џепчиште- с.Једоарце, тетовско, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. 

Continue Reading

Црна Хроника

Драма во Скопје: Возач со мерцедес удрил полицаец и избегал

Лишен од слобода возачот кој во Скопје со возило „мерцедес“ удри во полициски службеник и избега од местото на настанот, следува кривична пријава

Полициски службеници од Одделението за увиди на сообраќајни незгоди при СВР Скопје го пронајдоа и лишија од слобода Д.С. (67) од Скопје, кој на 11.12.2025 во 14:45 часот на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, со патничко возило „мерцедес“ удрил во полицискиот службеник Х.М.(34), кој извршувал службени дејства, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата Х.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по преземени мерки, возачот Д.С. е пронајден и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг