Трагедија во Богданци: Жител починал по тепачка, уапсен 55-годишник од Сретеново

Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болницата во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, В.Р.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. синоќа околу 22:25 часот во неговото село.

Инцидентот се случил претходно во Стар Дојран, каде Н.Т. бил сериозно повреден и веднаш пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, телото на починатиот е предадено на обдукција. Осомничениот е задржан во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.