Connect with us

Црна Хроника

Кривична пријава против полициски службеник од СВР Тетово

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Ф.Н., полициски службеник во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,попречување на правдата“, предвидено и казниво по член 368-а став 8 од Кривичниот законик.

Пријавениот, како дежурен криминалистички техничар за криминалистичка регистрација на 04.10.2025, преземајќи службени дејствија во настан во кој две лица биле лишени од слобода поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од КЗ, му овозможил на полицискиот службеник О.С., кој на наведениот датум не бил работно ангажиран, а е родител на едно од лицата лишени од слобода И.С., да има целосен увид во службената документација, да располага со неа, да ја пренесува од една во друга просторија, да ги придружува лицата лишени од слобода во постапката за прибирање на биолошки траги и да земе примероци од урина од истите. По извршено вештачење на примероците од урината е потврдено дека примерокот од урина од И.С. всушност било урина дадена од неговиот татко, полицискиот службеник О.С..

Со наведените дејствија пријавениот Ф.Н. имал намера да ги уништи доказите и да го спречи и отежне докажувањето во постапката. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ф.Н. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија.

Advertisement

Црна Хроника

Кривична пријава за поранешен директор – Финансиска полиција со детали

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево против С.С., поранешниот директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., раководител на сектор во истото претпријатие, поради сомнение за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Според пријавата, С.С., во периодот од 2019 до 2023 година, не постапил согласно своите овластувања и должности, пропуштајќи да иницира и даде налог за поднесување тужби за наплата на побарувања од физички и правни лица за користена вода, подигнат смет и закуп на простории. Како резултат, дел од побарувањата застареле и претпријатието не можело да ги наплати.

Второпријавениот М.К., раководител на секторите за општи, правни и финансиски работи, не воспоставил соодветен систем на интерна контрола и не доставувал редовни предлози за поведување постапки за присилна наплата до директорот.

Со овие дејствија, според финансиската полиција, причинета е штета на буџетот на ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево во износ од 7.588.894 денари.

Continue Reading

Црна Хроника

Приведени осум лица, меѓу нив и малолетници – МВР со детали

На 14/15.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Е.(19) од с.Кондово, скопско, Т.П.(42), С.Б.(27), Б.Б.(37), Ф.Ч.(33), И.А.(37) и двајца 16-годишници, сите од Скопје.

Приведени се затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и нож.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading

Црна Хроника

Хорор во Тетовско: Физички нападнати полицајци

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 23.05.2025 на локалниот пат с.Џепчиште- с.Једоарце, тетовско, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. 

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг