Вчера околу 10 часот наутро, во атарот на селото Рилево, општина Долнени, мечка нападнала повозрасен маж додека собирал печурки.
Од нападот тој се здобил со сериозни телесни повреди. Ловџии кои се наоѓале во близина го забележале и веднаш повикале медицинска помош. Повредениот најпрво бил пренесен во прилепската болница, а потоа, поради тежината на повредите, бил итно транспортиран на Клиничкиот центар во Скопје.
Жителите на прилепскиот регион, особено од општините Долнени и Кривогаштани, предупредуваат дека мечки сè почесто се појавуваат во нивните краишта и стравуваат дека вакви инциденти би можеле да станат почести.
