Проданоски: Општината ќе биде отворена секој четврток за сите граѓани

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави нова иницијатива за директна комуникација со граѓаните преку редовни, отворени средби што ќе се одржуваат секој четврток од 10:00 часот во просториите на општината.

Како што соопшти Проданоски, секој жител на Прилеп ќе има можност лично да разговара со градоначалникот и да ги изнесе своите прашања, идеи и предлози поврзани со локалната заедница.

„Вратата на Општина Прилеп ќе биде секогаш отворена. Нашата цел е транспарентност, соработка и решавање на реалните потреби на граѓаните“, порача Проданоски.

Средбите со граѓаните ќе се закажуваат секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, на телефонскиот број 075 22 99 15.

Со оваа иницијатива, Општина Прилеп воведува нов модел на директна достапност и отчетност, кој треба да овозможи поблиска врска меѓу локалната власт и граѓаните.