ТРАМП СО УЛТИМАТУМ ДО БИ-БИ-СИ: ПОПРАВЕТЕ ГО ПРИЛОГОТ ИЛИ СЛЕДИ ТУЖБА

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ достави ултиматум на британската медиумска корпорација Би-Би-Си, барајќи да биде коригиран документарен материјал во кој, според него, е намерно извращен и погрешно претставен негов говор. Доколку тоа не се направи до петок, Трамп најавува тужба вредна најмалку една милијарда долари, објави NBC News.

Во писмото испратено од правниот тим на Трамп, Би-Би-Си има рок до 14 ноември во 22:00 часот по британско време да „се усогласи“ со барањето. Во спротивно, ќе следи правна постапка.

Адвокатите на Трамп тврдат дека документарецот е уреден со намера да се влијае врз претседателските избори. „BBC намерно го искриви прикажувањето на претседателот Трамп. Тие ќе бидат држени одговорни за лажи и манипулации“, соопшти портпаролот на неговиот правен тим.

Од Би-Би-Си реагираа кратко, наведувајќи дека писмото ќе биде разгледано и дека одговор ќе биде доставен навреме. Белата куќа барањата за коментар ги упати до правниот тим на претседателот.