Connect with us

Скопје

Меџити се сретна со новоизбраниот претседател на Советот на Општина Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со новоизбраниот претседател на Советот на општината, Муамет Муртези, кој вчера на првата конститутивна седница го презеде раководењето со советничкото тело.

Меџити истакна дека формирањето на новиот Совет претставува значаен институционален момент за Чаир, со кој започнува новиот мандат и се обезбедува континуитет во работата на локалната самоуправа.

На средбата се разговарало за процесот на конституирање, за приоритетите во работата на Советот, како и за моделите на унапредување на соработката помеѓу извршната и законодавната власт на локално ниво. Целта, како што беше нагласено, е да се зголеми институционалната ефикасност и да се подобрат услугите за граѓаните.

„Чаир има потреба од институции кои функционираат одговорно, транспарентно и со заедничка визија за развој. Тоа ќе биде нашиот правец во деновите и месеците што следат“, порача Меџити.

Ова ја означува почетната фаза на новиот советнички состав, од кого се очекува активна улога во креирањето политики и одлуки во интерес на жителите на Чаир.

Advertisement

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг