Connect with us

Економија

Божиновска: Контролата на броилата е предуслов за доверба во енергетскиот систем

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес ја посети акредитираната лабораторија на Електродистрибуција, која повеќе од една деценија врши метролошка проверка и инспекција на броила. Посетата беше дел од активностите за обезбедување точност и транспарентност во мерењето на потрошената енергија.

– Точноста на броилата значи доверба – доверба дека секој граѓанин плаќа за реално потрошена енергија – истакна Божиновска.

Лабораторијата располага со најсовремена технологија, вклучително седум испитни станици од германската компанија ЕМХ, со кои секојдневно се обезбедува прецизно и сигурно тестирање на броилата што ги користат домаќинствата низ државата. Последната надзорна оценка потврди дека Телото за инспекција на броила ги исполнува сите меѓународни стандарди.

Министерката и директорот на Бирото за метрологија најавија дека наскоро во Бирото ќе биде ставена во функција современа опрема за државна контрола и верификација на броилата. Ова ќе овозможи секој граѓанин независно да ја провери исправноста на своето броило во државна институција.

– Контролата на броилата е прашање на фер однос, јавен интерес и транспарентност. Ќе продолжиме со редовни контроли и поддршка на сите институции што обезбедуваат доверба во системот – заклучи Божиновска.

Економија

Градски Институт Македонија со најголема блок-зделка, обврзничкиот пазар со ограничена активност

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во периодот од 1 до 5 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 280 трансакции со вкупна вредност од 57,32 милиони денари и 39.493 тргувани хартии од вредност.

Индексот МБИ10 неделата ја заврши со благ раст, на ниво од 10.255,62 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 128,73 поени .

Најтргувани хартии од вредност (официјален пазар)

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 21.671.585 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 8.851.000 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 6.333.723 денари

Блок-зделки

Во текот на неделата беа реализирани пет големи блок-зделки, во вкупна вредност од 208,93 милиони денари, меѓу кои:

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – четири блок-зделки во вкупен износ од 135,40 милиони денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – блок-зделка во износ од 7,19 милиони денари

● Градски Институт Македонија АД Скопје (GIM) – блок-зделка во износ од 64,34 милиони денари

Топ добитници

● ТТК Банка АД Скопје (TTK) +3,58%

● Гранит АД Скопје (GRN) +2,99%

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,50%

Топ губитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,38%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –1,20%

● ТИТАН Усје АД Скопје (USJE) –1,07%

Обврзнички пазар

На пазарот со државни хартии од вредност беше реализирана една трансакција со обврзницата за денационализација (ДЕН 22) во износ од 505.058 денари, по цена од 94 евра.

Индексот ОМБ остана непроменет на 128,73 поени.

Неделата од 1 до 5 декември 2025 година се карактеризираше со зголемена пазарна активност, поттикната од серија големи блок-зделки, особено со Комерцијална банка и Градски Институт Македонија.

Индексот МБИ10 бележи благ раст, додека ликвидноста на берзата значително се зголеми, со над 57 милиони денари редовен промет.

Најголем раст забележаа ТТК Банка и Гранит, додека умерен пад има кај Алкалоид и Стопанска банка.

Обврзничкиот пазар остана со ограничена активност и стабилно ниво на индексот ОМБ.

Continue Reading

Економија

Што ќе се случува со бензински и дизел автомобили од 2035 година?

Европската унија го ревидира својот план за целосна забрана на нови бензински и дизел автомобили од 2035 година. По предупредувањата од индустријата, слабата продажба на електрични возила и загриженост за работните места, Комисијата сега предвидува моторите со внатрешно согорување да продолжат да се користат, но само со горива со ниски емисии.

Комесарот за одржлив транспорт и туризам, Апостолос Цицикостас, истакна дека ЕУ сака „економски одржлив и социјално праведен“ премин кон климатски неутрални технологии и дека се разгледуваат „сите технолошки решенија“ за намалување на емисиите. Тоа вклучува синтетички горива и биогорива како HVO100, кои ја намалуваат јаглеродната емисија до 90 проценти, како и е-горива од Porsche со речиси безјаглероден отпечаток.

Во меѓувреме, пазарот се менува: електричните автомобили сочинуваат 18,3% од продажбата во Европа, хибридите 34,7%, а приклучно-хибридните возила со 9,4% за првпат ги надминаа дизелите.

Дел од производителите, како „Волво“ и „Полестар“, сè уште се залагаат за задржување на првичниот рок, додека мнозинството европски и американски компании ја поздравуваат новата, пофлексибилна насока. Новиот пакет мерки, кој требаше да се презентира на 10 декември, ќе биде објавен до крајот на месецот.

Continue Reading

Економија

Лукоил Македонија продолжува со нормално работење, санкциите немаат влијание

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска оцени дека санкциите не влијаат врз работењето на Лукоил Македонија, додавајќи дека бензинските пумпи на компанијата продолжуваат да функционираат нормално.

„Нема никакви проблеми во снабдувањето со нафтени деривати и се одвива нормално. Македонија е најмалку засегната од санкциите, пред се поради тоа што во земјата нема рафинерија ниту на Лукоил, ниту на друга компанија во сопственост на Руската Федерација. Новата одлука на САД сигурно ќе ја подобри ситуацијата“, изјави Бислимоски на прес-конференција.

Тој додаде дека Лукоил Македонија се однесувала коректно во изминатиот период, не отпушти ниту еден вработен и презеде сите неопходни мерки за нормално функционирање.

„Според информациите кои ги имам, компанијата обезбедува нафтени деривати од трговците во земјата, поради што немаше прекин во снабдувањето“, заклучи Бислимоски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг