Connect with us

Економија

РКЕ: Не очекуваат промени во цените за пренос и дистрибуција на струја

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави дека до крајот на овој или на почетокот на следниот месец ќе ги објави новите цени за пренос и дистрибуција на електричната енергија. Според претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, не се очекуваат значителни промени во овој сегмент.

„МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не побара зголемување, а ’Електродистрибуција’ нема наведено во своето барање“, изјави Бислимоски, кој денеска присуствуваше на третата конференција на МАРЕС, посветена на структурирање на иднината на обновливата енергија.

Тој објасни дека во текот на овој месец ќе се одржи тендерот за набавка на загуби на електрична енергија – процес кој има големо влијание врз крајната цена на струјата. Откако ќе завршат овие постапки, ќе бидат познати конечните цени што ги утврдува РКЕ.

По завршување на тендерот за универзалниот снабдувач, согласно новиот Закон за енергетика, компанијата „ЕВН Хоум“ ќе ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

Од МЕПСО, пак, порачуваат дека граѓаните можат да бидат спокојни, бидејќи не се очекуваат прекини во снабдувањето во текот на зимата, благодарение на континуираните инвестиции.

„Во континуитет инвестираме, имаме и голем број на активни проекти кои во моментот се реализираат“, изјави Александар Пауноски од МЕПСО.

Тој ги посочи проектите како изградбата на 110-киловолтниот далекувод Прилеп – Битола, продолжувањето на договорот за интерконекција меѓу Македонија и Албанија, како и инсталирањето на реактор за реактивна енергија во 400-киловолтната трафостаница Дуброво.

Од МЕПСО дополнително информираа дека аплицираат за бројни грантови преку механизмот за инвестирање во Западен Балкан, со цел надградба и модернизација на преносната мрежа, што ќе обезбеди стабилно и непрекинато снабдување со електрична енергија.

Advertisement

Економија

39 домашни компании добија 12,7 милиони евра од унгарски кредит

Развојната банка ја исплати седмата транша од кредитната линија за инвестиции и развој на компаниите, во износ од 12,7 милиони евра, која е наменета за 39 одобрени проекти на домашни фирми. Исплатата е реализирана преку деловните банки.

Средствата се распределуваат за проекти на едно микро, 21 мали, девет средни и осум големи компании. Најголемиот дел од средствата, 12,2 милиони евра, се наменети за инвестиции во градежи и опрема, додека 243 илјади евра се за обновливи извори на енергија, а 300 илјади евра за транспортни средства. Најголем дел од средствата одат кон 21 проект на компании со претежна производствена дејност.

Со оваа транша, Развојната банка досега исплатила вкупно 203,3 милиони евра кон деловните банки од предвидените 250 милиони евра, со што се поддржани 721 проект на домашните компании.

Continue Reading

Економија

Тетово ја собира пчеларската елита на Балканот

Тетово денеска е домаќин на 5. Меѓународен натпревар за квалитет на медот, кој се одржува на Факултетот за технолошки и технички науки при Универзитетот во Тетово. На настанот учествуваат 200 пчелари од 15 земји, а Меѓународната органолептичка комисија ќе ги анализира пристигнатите мостри на мед.

Организаторите истакнуваат дека натпреварот е резултат на соработката меѓу водечките здруженија на пчелари од регионот, со цел да се промовира квалитетот, автентичноста и иновациите во пчелните производи, како и да се зајакне професионалната мрежа меѓу пчеларите на Балканот.

Настанот е организиран од Здружението на пчелари „Градот на Пчелите“ – Тетово, во соработка со Здружението на пчелари на Префектура Тирана, Здружението на Медот – Приштина, Здружението на пчелари Улцињ и Здружението на пчелари Апикула – Бујановац.

Continue Reading

Економија

Градски Институт Македонија со најголема блок-зделка, обврзничкиот пазар со ограничена активност

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во периодот од 1 до 5 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 280 трансакции со вкупна вредност од 57,32 милиони денари и 39.493 тргувани хартии од вредност.

Индексот МБИ10 неделата ја заврши со благ раст, на ниво од 10.255,62 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 128,73 поени .

Најтргувани хартии од вредност (официјален пазар)

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 21.671.585 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 8.851.000 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 6.333.723 денари

Блок-зделки

Во текот на неделата беа реализирани пет големи блок-зделки, во вкупна вредност од 208,93 милиони денари, меѓу кои:

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – четири блок-зделки во вкупен износ од 135,40 милиони денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – блок-зделка во износ од 7,19 милиони денари

● Градски Институт Македонија АД Скопје (GIM) – блок-зделка во износ од 64,34 милиони денари

Топ добитници

● ТТК Банка АД Скопје (TTK) +3,58%

● Гранит АД Скопје (GRN) +2,99%

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,50%

Топ губитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,38%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –1,20%

● ТИТАН Усје АД Скопје (USJE) –1,07%

Обврзнички пазар

На пазарот со државни хартии од вредност беше реализирана една трансакција со обврзницата за денационализација (ДЕН 22) во износ од 505.058 денари, по цена од 94 евра.

Индексот ОМБ остана непроменет на 128,73 поени.

Неделата од 1 до 5 декември 2025 година се карактеризираше со зголемена пазарна активност, поттикната од серија големи блок-зделки, особено со Комерцијална банка и Градски Институт Македонија.

Индексот МБИ10 бележи благ раст, додека ликвидноста на берзата значително се зголеми, со над 57 милиони денари редовен промет.

Најголем раст забележаа ТТК Банка и Гранит, додека умерен пад има кај Алкалоид и Стопанска банка.

Обврзничкиот пазар остана со ограничена активност и стабилно ниво на индексот ОМБ.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг