Connect with us

Магазин

Тетовско љубовно писмо

УБОО МОЕ ГОЛУПЧЕ.
 
Нејќем  да те сакалдисуем, ама срцево ми ќипе од муќе и сеќирације, ја когај слушам што ми кажуа за тебе!

Прееска го сретнав у “Чапчоо Сокаче”  Петрета-Кандило од Колтук и ми кажуеше како те видел на корзо у Скопје со некоа караконџула, што на образите и бузете турила по пол ока белило и црвило.

Ти бар знаеш како сум наорлена на тебе, па тогај зошто ме тураш у гајле?

Зашто ми праеш таквија збрќе. Ја сум ти рекла: Нејќем да се влечем по тебе ка парталка и нејќем да ме пуцаш ка јојо.

Тија дејќе скопсќи, срчка да ги изеде, сараџа да ги отреби и рофија да ѓи дамлоса, што не остајле ни петел у чаршија раат, а камоли тебе, сурат мој напишан.

Кандило ми вика да не берем многу гајле и ич да не се сакалдисуем, зошто тија биле како короконџуле и оцерени ка будалинќе. Ако е ова вистина – арно, ама ако са оплакнати, еден дн ќе дојдем од апансас и когај ќе ѓи фатим, влакно на глава нема да им остаем, ќе ѓи искубем ка чафќе, и ќе ѓи напраем ка папајце.

Ама ми се чини и ти си за утепуење, зошто когај доаѓаш у Тетоо и когај ќе ти брбнем за ниф, ка очите да сум ти ѓи извајла. Ќе почнеш да ѓи пцуеш боштум абер немаш за ниф. Ќе ми речеш дека мораш да идеш на “Два Бреста” на фурна да наручаш за утрента пастрмајлије, иако ти убоо знаеш дека пастрмајлијете ги прае Драго Топалот.

Ме мафташ ка будаљинка на мртво, а и ладен си у последно време према мене и ич не ме сајдисуеш. Сигурно зашто не носим најлонќе ка скопјанќете. Ако је за тоа ќе идем у Вратница и ќе купим и тоа америчќе па тогај ќе видимо чиви ноѓе и чиви бутќе са пубаај.

Имам многу да ти кажуем ама нејќем више преку писмо. Па те молим да дојдеш што побргу, жити мене, зашто више немоем да издржим појќе, сум станала ка кол лозјарски. За поздрав ти праќам по Славета “Цунибаба” малу орае, коштање, раќија џенарикојца, винце поткомиње и една кошница јабуќе.

Сега на крај те цунуе шиесе и шес пута твоата осантерисана,

Менча

Advertisement

Магазин

Богати празници со „Лото 7“

7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Празниците се време за среќа, а во декември, месецот на желби и надежи, треба да се сонуваат големи соништа. Играта на среќа „Лото 7“, е најдостапната дестинација за сонување и носи многу можности за изненадување.

Сите оние на коишто бројот 7 им е среќен број, ги потсетуваме дека од 10 до 31 декември играта на среќа „Лото 7“ дава уште точно 7 можности за 7-ка во 2025 година, преку 7-те кола во коишто ќе се извлекуваат добитните лото бројчиња.

Со предвремената уплата, можете однапред да учествувате во 7 последователни кола и безгрижно да ги прославите празниците, знаејќи дека вашата шанса за добивка е веќе обезбедена. Дозволете му на „Лото 7“ да ве изненади, уплатете навреме и уживајте во празничниот дух исполнет со надеж.

Со симболични 30 денари за една лото комбинација, си подарувате моменти исполнети со мечтаење, возбуда и она незаменливо чувство на исчекување. Секоја ваша лото уплата ви ја отвора вратата кон свет ‒ полн со нови можности и ви ја дава шансата да се запрашате: Што ако токму јас сум следниот добитник на големата седумка?

Тоа е патот по кој поминаа досегашните 28 среќни добитници на седумки од 2010 година до денес. Тие порачуваат дека секогаш треба да се верува во среќата и никогаш да не се изгуби надеж. За седумка досега се славеше во Битола, Куманово, Кичево, Кавадарци, Свети Николе, Тетово, Струмица, Неготино, Кочани, Охрид и во Скопје, а последната и најголема постигната седумка вредна над 1,7 милиони евра, беше освоена во Охрид во 2024 година.

Играта на среќа „Лото 7“ прерасна во традиција, којашто спојува генерации. Во исчекување на 29-тата седумка, потсетуваме дека со секоја уплатена комбинација се дава и придонес кон општествено корисни цели ‒ поддршка на науката, образованието, културата, спортот, животната средина и проекти од јавен интерес. И дека среќата е насекаде, само треба да ја побарате.

Continue Reading

Магазин

Потегот што го направи милијардер: како Бил Гејтс изгради империја што го смени светот

Бил Гејтс денес важи за еден од најбогатите и највлијателни луѓе во светот, но патот до тоа место не бил ниту лесен, ниту вообичаен. Неговата приказна е пример за храброст, визија и подготвеност да се преземат ризици кои во тоа време малкумина би ги прифатиле.

Уште како млад, Гејтс донел одлука што целосно го променила текот на неговиот живот – го напуштил престижниот Универзитет Харвард за да се посвети на развојот на софтверска компанија во време кога компјутерите сè уште биле реткост. Заедно со Пол Ален, ја основал „Мајкрософт“, компанија која подоцна ќе стане доминантна сила во светската технолошка индустрија.

Клучниот момент во неговото збогатување бил договорот со ИБМ, кога Мајкрософт го обезбедил оперативниот систем за нивните персонални компјутери, но ги задржал авторските права. Тоа му овозможило на Гејтс не само огромен финансиски раст, туку и долгорочна контрола врз развојот и дистрибуцијата на софтверот.

Со текот на годините, богатството на Гејтс континуирано растело, а неговото влијание се проширило и надвор од технологијата. Денес, преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, тој е еден од најголемите филантропи во светот, инвестирајќи милијарди долари во здравство, образование и борба против сиромаштијата.

Приказната за Бил Гејтс останува доказ дека комбинацијата од визија, знаење и храброст за неконвенционални потези може да создаде империја – но и дека вистинското влијание се мери со тоа што се прави со стекнатото богатство.

Continue Reading

Магазин

Дневен хороскоп за понеделник, 15ти декември

Овен
Понеделник ви носи ментална брзина и желба да ги „исчистите“ заостанатите обврски. Добро е да бидете внимателни со брзите реакции – посебно околу партнерот. Нови контакти може да се развијат спонтано, но со трпение. Здравјето е стабилно, само внимавајте на стресот.

Бик
Фокусот е на практична работа и стабилни чекори напред. Ако сте во врска, ги цените едноставните, топли разговори. Слободните може да „најдат“ некому доверлив и приземјен збор. Здравјето е добро.

Близнаци
Вашиот ум работи на високи вртежи – полни со идеи. Клучно е да изберете една насока и да се фокусирате за да не се расеете. Во љубовта, комуникацијата бара повеќе внимание, а нервниот систем бара одмор.

Рак
Организацијата и поставувањето граници ќе направат денес да ве почувствувате посилни. Во врската барајте разбирање наместо исцрпувачки разговори. Слободните можат да забележат заинтересирачка личност. Внимавајте на стомакот под стрес.

Лав
Денот ве мотивира да преземете иницијатива, но не „гасете“ други со вашето темпо. Во љубовта барајте вистински момент за длабоки разговори. Слободните привлекуваат внимание со самодоверба. Малку проблеми со грбот – опуштете се.

Девица
Вашата концентрација е на високо ниво и лесно ги решавате практичните задачи. Во љубовта настојувајте на јасност, но избегнувајте премногу критики. Слободните можат да запознаат интересна личност во секојдневна средина. Здравјето е стабилно.

Вага
Соработката со другите денес носи најдобри резултати ако јасно ги искажете ставовите. Во врската тежнеете кон рамнотежа и мир. Слободните многу лесно можат да воспостават пријатен контакт. Добро здравје.

Шкорпија
Фокусираноста и решителноста ви помагаат да ги завршите битните задачи, но не преземате туѓи обврски. Во љубовта ќе сакате подлабок, искрен разговор. Слободните можат да привлечат силни емотивни енерги. Добро здравје.

Стрелец
Влегувате во ритам на работа и со добра организација лесно ќе се справите со обврските. Во врската координацијата е клуч. Слободните можат да започнат возбудлив флерт. Енергијата е голема – искористете ја паметно.

Јарец
Понеделник е идеален за планирање и поставување долгорочни цели. Во врската стремете се кон стабилност и конкретни договори. Здравјето е одлично, а одговорноста ве води напред.

Водолија
Креативни идеи и нови пристапи ви се под рака, но прилагодете ги на реалноста. Во врската ќе посакате повеќе простор и разбирање. Слободните имаат шанса да запознаат интелектуално привлечна личност. Добро здравје.

Риби
Интуицијата ви носи лесни одлуки, па денот минува без брзина. Во врската уживате во мирни, нежни моменти. Слободните можат да почувствуваат привлечност кон некој емотивно блискиот. Здравјето е многу добро.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг