Газдата на познатиот скопски фаст фуд ланец му подари нов автомобил на својот вработен: „Гинеше со мене кога беше најтешко“ (ФОТО)

Мише, сопственикот на познатиот фаст фуд ланец Baking Bread од Скопје, направи несекојдневен потег за нашите услови.

Имено, тој му подари автомобил на својот вработен Антони, кој е дел од сендвичарата од нејзините почетоци – од времето кога, како што вели газдата, немал ништо, па сè до денес кога стои зад успешен бренд.

„Гинеше со мене кога беше најтешко. За ништо никогаш не ме одби и не кажа ‘не’. Никогаш ништо не побара, а даваше сè за фирмата.

Ова не е поклон, ова е твоја лична заслуга. Ова е фала од мене за сите години лојалност и труд во Baking Bread“, изјави газдата Мише Цвејевски.