Полскиот претседател поднесе барање за забрана на Комунистичката партија

Новите конзервативни власти во Полска, предводени од претседателот Карол Навроцки, поднесоа барање до Уставниот суд за де-легализација на Комунистичката партија на Полска (КПП). Навроцки тврди дека партијата промовира тоталитарни практики кои се несогласни со Уставот и дека нејзините цели се несоодветни за демократско општество.

КПП е регистрирана од 2002 година, а слични обиди за нејзина забрана беа направени и во минатото, но без успех. Доколку судот ја одобри иницијативата, тоа би значело официјално укинување на партијата и значително ограничување на нејзиното политичко дејствување.

Оваа постапка ја отсликува засилената конзервативна политика во Полска и отворениот судир со историското комунистичко наследство, со потенцијални последици за слободата на политичкото организирање во земјата.