Connect with us

Република

Утре повеќе тетовски села ќе останат без струја поради планирани прекини

evn

Тетовскиот регион утре ќе се соочи со повеќечасовни прекини во напојувањето со електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, соопшти операторот.

Според најавата, без струја ќе останат селата Гургурница, Седларево и Луковица во периодот од 08:30 до 14:00 часот.

Прекини се најавени и во Челопек, каде што делови од селото – поточно објектите во долниот дел – ќе бидат без електрична енергија во два термина: од 09:14 до 14:14 часот и од 09:15 до 14:15 часот.

Исто така, прекин е планиран и во селото Чифлик (Општина Желино) од 09:38 до 14:38 часот.

Во Брвеница, водната пумпа ќе остане без струја од 10:30 до 12:00 часот.

Од надлежните апелираат жителите навреме да ги планираат своите активности и да бидат внимателни за време на прекинот, додека екипите ќе работат на унапредување и одржување на електромрежата.

Advertisement

Република

Четири тетовски села утре ќе бидат без струја

Дел од тетовските села Цепчиште, Јажинце, Доброште и Слатино утре, 23 декември 2025 година, ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.

Според најавата, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот. Во селото Џепчиште без струја ќе останат објекти кои се наоѓаат кон центарот на селото, додека во Јажинце прекинот ќе ги зафати објектите во близина на џамијата. Во Доброште и Слатино без напојување ќе бидат делови од селата, согласно планираните активности.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и да преземат потребни мерки за време на прекинот.

Continue Reading

Република

Хумана новогодишна акција: Дедо Мраз пристигна на мотор кај децата од „Кочо Рацин“ во Битола

Моторџиите од МК Конзули Битола денеска организираа хумана новогодишна посета во Ресурсниот центар Кочо Рацин во Битола, носејќи го Дедо Мраз на мотор за да им подели пакетчиња на децата.

Настанот помина во празнична атмосфера, исполнета со детска радост, насмевки и искрена возбуда. Од МК „Конзули“ истакнаа дека ваквите моменти се потсетник на вистинската смисла на празниците – хуманост, споделување и грижа за најмладите.

Тие упатија благодарност до вработените во ресурсниот центар за топлиот пречек и посветеноста што секојдневно ја вложуваат во грижата и образованието на децата, најавувајќи дека и во иднина ќе продолжат со вакви хуманитарни активности.

Извор: Апла.мк

Continue Reading

Република

Проданоски: Наставата на мајчин турски јазик е темел на културниот идентитет и соживотот

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин турски јазик.

Тој упати посебни честитки до колективот и учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во село Канатларци, каде што успешно се реализира настава на турски јазик и со голема посветеност се негува јазикот како значаен дел од културниот идентитет.

Проданоски ја истакна важноста од негувањето на мајчиниот јазик и почитувањето на повеќекултурните вредности, нагласувајќи дека мајчиниот јазик е нераскинлив дел од идентитетот, традицијата и културното наследство на секој народ, а неговото почитување придонесува за меѓусебно разбирање, почит и пријателство во мултикултурно општество.

Општина Прилеп, како што беше нагласено, ќе продолжи посветено да ги негува повеќекултурните вредности и да го чува културниот идентитет на сите заедници, вклучително и на турската заедница, со цел создавање подобри услови за изучување и унапредување на наставата на мајчин турски јазик.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг