Connect with us

Македонија

Лишени од слобода двајца возачи во Велес и Кавадарци, управувале возила со брзина поголема од дозволената и под дејство на алкохол

На 16.11.2025 во 06:45 часот на улица „Вардарска“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.М.(40) од Велес. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.

На 16.11.2025 во 04:15 часот на улица „Тиквешко востание“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.Ѓ.(41) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Advertisement

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг