Доналд и Меланија Трамп се појавија на церемонијата за потпишување на новата извршна уредба, а јавноста веднаш забележа значително поголема блискост меѓу нив – двојката размени нежен бакнеж што стана вистинска сензација на социјалните мрежи.
Меланија му се придружи на претседателот при претставувањето на уредбата што ја проширува поддршката за тинејџерите во системот на згрижени семејства. Таа истакна дека многу млади од системот остануваат без дом и дека новата иницијатива треба да им овозможи посигурна и просперитетна иднина.
Уредбата, која ја потпишаа и Трамп и Меланија, е дел од програмата „Градење иднина“ и предвидува стипендии, подобри образовни можности и јасни насоки за Министерството за здравство и социјални служби за поддршка на младите што излегуваат од системот.
Трамп ја пофали својата сопруга и ја истакна нејзината улога во иницијативата, но најмногу внимание привлече нивниот топол јавен момент – бакнежот што ја разнежни американската јавност.

