Connect with us

Скопје

Забрана за ноќно фрлање отпад во Скопје: казни од 50 евра за граѓаните

Од вечерва во Скопје стапи на сила забраната за фрлање отпад во јавните контејнери во периодот од 22 до 6 часот наутро. Одлуката, потпишана од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, има цел да го намали хаосот со отпадот и да го подобри комуналниот ред во градот. Забраната не важи за приватните канти поставени пред домовите.

Контролата на терен ќе ја спроведуваат 40 градски инспектори, 11 комунални инспектори и 10 редари, кои ќе патролираат и по полноќ. За граѓаните што ќе фрлаат отпад во забранетиот период е предвидена казна од 50 евра, додека правните лица ќе се соочат со глоби од 1.300 до 1.800 евра, зависно од видот на отпадот.

Од ЈП „Комунална Хигиена“ најавуваат дека во првите денови наместо казни ќе се изрекуваат опомени преку ЕКО патролите. Дел од жителите на Скопје ја поддржуваат мерката, но укажуваат на потреба од повисока еколошка свест и постојана контрола, додека други се сомневаат во нејзината долгорочна ефикасност.

Ова претставува прв значаен предизвик за новиот в.д. директор на „Комунална Хигиена“, Драги Митковски, кој ја презеде функцијата по акцијата за расчистување на градските депонии.

Advertisement

Скопје

Дел од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров денес без вода

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, денеска е регистриран прекин во водоснабдувањето за повеќе населени места.

Прекинот е предизвикан од дефект на затворач со пречник Ф-350 мм на улица 20 во населбата Сарај. Прекинот ќе трае од 07:30 часот до целосно санирање на дефектот.

Без вода ќе останат корисниците од следниве населени места во Општина Сарај: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и Сарај

Исто така, прекинот ги зафаќа и високите зони, односно повисоките катови на зградите во населбата Ѓорче Петров.

Continue Reading

Скопје

ЦУК предупредува: „Ексклузивните“ објекти на Водно се под ризик од свлечишта

Скопје, 9 декември 2025 – Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, алармира дека на падините на Водно се наоѓаат објекти кои се директно загрозени од свлечишта и нестабилно земјиште.

„Ризикот мора да се сфати сериозно – можно е да настрада човек ако не се реагира навреме“, рече Ангелов во гостување на ТВ Телма. Според него, делови од теренот веќе се нарушени, земјиштето продолжува да се лизга, а неколку потпорни ѕидови се урнати.

Ангелов посочи дека проблемот не е ограничен само на еден потег на падината и дека се неопходни брзи мерки, засилен мониторинг и процена на стабилноста на критичните зони. Институциите веќе работат на оваа проблематика, а во ЦУК се одржани неколку координативни средби на кои врвни професионалци активно се вклучени.

„Жителите на Водно често не ја сфаќаат целосната опасност бидејќи се навикнати на животот во тој предел. Но, видеа и искуства од целиот свет покажуваат дека свлечишта можат да предизвикаат сериозни штети и да загрозат човечки животи“, предупреди Ангелов.

Директорот на ДЗС нагласи дека медиумите имаат значајна улога во подигнувањето на јавната свест, особено кај луѓето кои живеат на Водно, за да се избегнат штетни последици пред да биде предоцна.

Зачестените извештаи за пукнатини на објекти и движење на земјиштето на Водно во последниот период дополнително ја зголемуваат загриженоста во јавноста.

Continue Reading

Скопје

Скопје ја зацврстува врската со Дижон: Партнерството во полн развој

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска одржа работна средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, на која беа поставени темелите на визијата за нашиот главен град.

Ѓорѓиевски пред високиот гостин ја презентираше својата развојна стратегија за Скопје, базирана на најстрогите европски стандарди, зелени политики и продлабочена меѓународна соработка.

Главен фокус беше ставен и на оживување и унапредување на партнерството со збратимениот град Дижон. Двете страни интензивно разговараа за конкретни можности за нови заеднички проекти и иницијативи кои директно ќе го подобрат животот на граѓаните.

Градоначалникот Ѓорѓиевски беше јасен и недвосмислен:

„Нашиот стремеж е Скопје целосно да ги интегрира европските стандарди во секој сегмент – од економскиот развој и културата до зелените политики! Ова е патот кон модерна европска метропола!“

Амбасадорот Ле Риголер, пак, ја изрази целосната подготвеност на Франција да не остави Скопје да чека!

„Подготвени сме да го споделиме нашето богато искуство и иновативни иницијативи кои ќе дадат огромен придонес за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Скопје!“

На крајот, двете страни се согласија дека континуираната институционална комуникација е важна за отворање на нови, долгорочни партнерства и мега-проекти. Ѓорѓиевски е убеден дека оваа соработка е голем чекор кон оформување на Скопје како современ европски град, ориентиран кон иновации и меѓународна отвореност.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг