Гулер: Истрагата за урнатиот воен авион ќе трае најмалку два месеца

Турскиот министер за одбрана, Јашар Гулер, изјави во понеделник дека истражниот процес за црната кутија на воениот транспортен авион C-130, кој се урна на границата меѓу Азербејџан и Грузија и однесе 20 животи на турски војници, ќе трае „најмалку два месеци“.

„Процесот на дешифрирање на кутиите и добивање на првичните наоди ќе трае најмалку два месеци“, рече Гулер пред новинарите по состанокот на претседателскиот кабинет.

„Според прелиминарните наоди, иако не се сигурни, прво се одделилa опашката, а потоа авионот се поделил на три дела. Тоа ќе го разјасни црната кутија“, објасни министерот.

Тој додаде дека црната кутија моментално ја испитува Турската воздухопловна индустрија (TUSAS).