Connect with us

Македонија

Кривична пријава против инвеститорот и четири лица од општина Струга, со несовесно извршување на службената должност придонеле да биде оштетена спомен куќата – музеј Владо Малески во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, против В.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против Р.М.(68), Н.Н.(56) и Ѓ.Д.(59), сите од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”. На 15.10.2025 како инвеститор, спротивно на решението за издавање заштитно конзерваторски услови, првопријавениот на катарстарска парцела во Струга со градежна механизација срушил стара струшка куќа и при правење ископ ги поткопал темелите од јужниот ѕид на соседната спомен куќа-музеј на Владо Малески, која од 2017 година претставува споменик заштитен како значајно културно наследство. Второпријавената, во својство на архитект – конзерватор во националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, на основниот проект за семејна куќа втиснала службен печат и ставила потпис и одобрила мислење за усогласеност со идеен проект со што свесно постапила спротивно на Законот за заштита на културното наследство, спротивно на планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и спротивно на решението за издавање на заштитно конзерваторски услови, издадено од Министерство за култура – Управата за заштита на културно наследство.

Третопријавениот, во својство на градоначалник на Струга, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги овластувањата, спротивно на актите од Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и решението од Управата за културно наследство, потпишал одобрение за градење на семејната куќа од првопријавениот. Четвртопријавениот, како раководител на Одделението за урбанизам во општина Струга, со пречекорување на службената положба го изготвил одобрението за градење, а го одобрил петтопријавениот како помошник раководител на Сектор за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина во општина Струга.

Advertisement

Македонија

Изборот за вршител на функцијата државен јавен обвинител одложен

Советот на јавни обвинители денеска не успеа да избере вршител на должноста државен јавен обвинител, откако пропадна итната седница поради отсуство на еден од членовите. Од Советот уверуваат дека станувало збор за оправдано отсуство.

„Седницата на Советот на јавните обвинители, закажана за 18 декември 2025 година во 11 часот, по предлог на член на Советот, а поради оправдано отсуство на еден од членовите, се одложува за 22 декември 2025 година, понеделник, со почеток во 11 часот“, соопштија од Советот.

Изборот на в.д. државен обвинител требаше да се реализира по итна постапка, откако досегашниот државен обвинител Љупчо Коцевски завчера поднесе неотповиклива оставка во Собранието. Оставката дојде токму на денот кога пратениците требаше да го разгледуваат предлогот за негово разрешување, поднесен од Владата.

По заминувањето на Коцевски, Собранието е обврзано во најкраток можен рок да распише оглас за избор на нов државен обвинител. До тогаш, функцијата ја врши вршител на должност, кој се избира од редот на републичките јавни обвинители, а го именува Советот на јавни обвинители.

Continue Reading

Македонија

Ревизијата откри: СДСМ и ДУИ скрија 2 милиони евра во Лотарија на Македонија

Скандалот во Лотарија на Македонија, за што ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека милиони евра на граѓаните завршиле во рацете на кадри на ДУИ, додека СДСМ молчело и ги прикривало злоупотребите.

Според извештајот на Државниот завод за ревизија, додека институцијата беше под контрола на лица од СДСМ и ДУИ, се случиле сериозни финансиски неправилности, вклучувајќи злоупотреба на два милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека одговорните лица – Перпарим Бајрами и Артан Груби – ги фалсификувале и прикривале парите на граѓаните, додека владејачката партија ѝ давала „зелен сигнал“ на ова.

„Јавноста заслужува да знае каде завршиле овие пари и зошто првичниот криминал помина неказнето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата истакнува дека ова е само врвот на ледената санка, со оглед на долгогодишните злоупотреби во Лотарија и другите државни институции.

Во соопштението се наведува дека СДСМ и ДУИ систематски ги уништувале претпријатијата, празнеле буџети и го ограбувале народот, а со заминувањето на обвинителот Љупчо Коцевски, сега е време за одговорност и казнување на сторителите.

ВМРО-ДПМНЕ повикува на итна проверка на сите трансакции и на јасен одговор кон граѓаните за тоа како и каде завршиле парите од Лотарија.

Continue Reading

Македонија

Нестабилно време: Сонце и облаци ќе се менуваат

Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди кои ќе го разведрат денот. Претпладне, по одредени котлини, ќе се задржи магла која постепено ќе се повлекува, додека ветерот ќе биде слаб и променлив. Утринските температури ќе се движат од -5 до -1 степен, додека дневните ќе достигнат пријатни 6 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со тивок ветер. Претпладне маглата ќе ја покрие дел од котлината, создавајќи мистична утринска сцена. Минималната температура ќе се спушти до -4, а дневната ќе стигне до 6 степени.

Според најавите на УХМР, стабилното време ќе се задржи до понеделник, со претежно тивки услови. На некои места ќе се појави магла и поголема облачност, додека веќе во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг