Connect with us

Спорт

Македонија го задржа 65-тото место на ФИФА ранг-листата

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 65-тата позиција на најновата ранг-листа на ФИФА, објавена по завршувањето на квалификациите за пласман на Светското првенство.

На ноемвриските натпревари, Македонија одигра 0:0 во контролниот дуел со Летонија, додека во последното коло од квалификациите доживеа тежок пораз на гостувањето во Велс со 7:1.

Шпанија и понатаму е водечка сила на светската ранг-листа, пред Аргентина и Франција. Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска го комплетираат првите десет. Репрезентацијата на Косово бележи историски најдобар пласман и се наоѓа на 80-тото место.

Најголем напредок овој месец имаат Малта, Узбекистан и Филипините – сите со скок од по пет места, додека Босна и Херцеговина напредуваше за четири позиции и сега е 71-ва.

Во меѓувреме, вниманието во европскиот фудбал го привлече одлуката на Фудбалскиот сојуз на Чешка (ФАЧР), кој ги казни репрезентативците поради одбивањето да им се заблагодарат на навивачите по победата над Гибралтар од 6:0.

Извршниот комитет соопшти дека играчите нема да ги добијат бонусите за последниот натпревар, а капитенската лента привремено му е одзема на Томаш Соучек. Од ФАЧР порачаа дека навивачите имаат право на незадоволство поради слабите настапи, а должност на фудбалерите е да покажат почит и благодарност. Средствата од бонусите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Advertisement

Спорт

Македонија, доколку се пласира на СП, ќе игра со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја

Доколку Македонија обезбеди пласман на Светското првенство 2026 година, нашата репрезентација ќе биде дел од групата А, заедно со селекциите на Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.

Пред тоа, националниот тим се соочува со тежок предизвик – полуфинале од баражот против Данска. Во случај на победа, нашата репрезентација ќе игра со победникот од дуелот Република Ирска – Чешка во финалето на плеј-офот.

Continue Reading

Спорт

Меси размислува за пауза од Светското првенство 2026

Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси најави дека постои можност да го пропушти Светското првенство кое ќе се одржи следното лето, нагласувајќи дека можеби ќе го следи турнирот од трибините, наместо да настапува на теренот.

„Се надевам дека ќе можам да бидам таму. Веќе реков дека би сакал да учествувам. Но, во најлош случај, ќе бидам присутен и ќе го гледам во живо, што сепак ќе биде посебно“, изјави Меси, цитиран од ESPN.

Осумкратниот добитник на „Златната топка“ ќе наполни 39 години во јуни и додава дека сѐ уште има желба за натпреварување, но возраста и физичката подготвеност можат да влијаат на неговото учество на престојниот турнир.

Continue Reading

Спорт

МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ПРОТИВ ТУРЦИЈА НА ОТВОРАЊЕТО НА ТУРНИРОТ ВО АНКАРА

Женската ракометна репрезентација на Македонија стартуваше успешно на турнирот во Анкара, совладувајќи ја домашната селекција на Турција со 29:26. Натпреварот беше израмнет најголемиот дел од времето, со 12:12 на полувреме, но избраничките на селекторот Кристијан Грчевски го презедоа контролата во финишот и стигнаа до важен триумф.

Емилијана Ризоска блескаше со 11 постигнати гола, додека голманката Драгана Петковска се истакна со 10 интервенции, меѓу кои и одбрана на седмерец, што значително го насочи натпреварот во корист на Македонија.

Нашите ракометарки утре од 12 часот ќе играат против Словенија, а турнирот ќе го затворат в недела со дуел против Словачка, кој започнува во 10 часот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг