Connect with us

Магазин

Фармацевтка предупредува: „Никогаш не ги пијам овие седум лекови – создаваат зависност“

Фармацевтката Дебора Грејсон вели дека милиони луѓе остануваат „заробени“ на терапии што одамна не им се потребни, притоа развивајќи сериозни несакани ефекти поради долгогодишна и неконтролирана употреба.

Според неа, најризични се следниве групи лекови:

Лекови против болка (опиоиди) – брзо создаваат зависност, водат кон толеранција и потреба од поголеми дози. Прекинот предизвикува немир, болки и дигестивни проблеми, па е потребен медицински надзор.

Лекови за холестерол – можат да предизвикаат болки во мускули, замор, а во ретки случаи и оштетување на мускулно ткиво или воспаление на црниот дроб. Потребна е редовна контрола.

Антидепресиви – корисни во кризи, но долготрајната употреба носи ризик од зголемена тежина, нарушено варење и сексуални проблеми. Наглиот прекин предизвикува вртоглавици, анксиозност и „електрични импулси“ во главата.

Габапентин и прегабалин – се даваат за невропатска болка, но носат ризик од зависност, поспаност и проблеми со координација. Симптомите при прекин може да бидат тешки.

Кортикостероидни креми – долга употреба ја истенчува кожата и може да предизвика тежок воспалителен синдром по прекинот.

Лекови за жиговина – долгорочната терапија води кон недостаток на витамин Б12 и магнезиум, ризик од фрактури и когнитивни проблеми.

Лаксативи – честата употреба го нарушува природното функционирање на цревата и создава зависност.

Грејсон повикува пациентите редовно да разговараат со лекар за тоа дали навистина има потреба да продолжат со терапијата и да не прекинуваат со лекови без стручна консултација.

Advertisement

Магазин

„Kids Disco“ – поради огромен интерес, се отвора уште едно шоу на 28 декември во МКЦ

Скопје, декември 2025 – Предновогодишната магија за најмладите добива уште едно продолжение. Првото издание на „Kids Disco“, кое ќе се одржи на 28 декември во Младинскиот културен центар (МКЦ), е целосно распродадено во рекордно краток рок, што уште еднаш потврдува дека овој концепт прераснува во најбараниот детски настан во градот.

Поради големиот интерес и на бројните барања од страна на родителите, организаторите донесоа одлука да отворaт уште едно дополнително шоу на истата дата – 28.12.2025 година, со почеток во 14:00 часот.

„Kids Disco“ е внимателно осмислено интерактивно шоу наменето за деца од 2 до 12 години, кое комбинира музика, танц, анимација и визуелна магија. Програмата вклучува Kids DJ, маскоти, 3D анимации, професионални аниматори, како и Magic & Clown Show, создавајќи безбедна, весела и незаборавна атмосфера за најмладата публика.

Настанот претставува уникатна можност за децата да ја доживеат новогодишната еуфорија преку игра, музика и заедничка радост, а за родителите – сигурен и квалитетен настан организиран по највисоки стандарди.

Влезници за второто шоу се веќе пуштени во продажба и се достапни преку платформата www.kupikarta.com.

Организаторите апелираат родителите навреме да обезбедат билети, со оглед на исклучително брзата продажба на првото шоу.

Continue Reading

Магазин

Приватност на која можете да сметате: Secure Folder и Knox

Нека вашиот дигитален живот биде безбеден — од лозинки до фотографии од миленици.

Вашиот паметен телефон во суштина е ваш личен центар за податоци – во него се чува сè: од авионски карти и податоци за кредитни картички до илјадници фотографии од вашето куче (или маче). Secure Folder, заштитен со Samsung Knox, ви нуди приватен, шифриран простор каде што можете безбедно да ги зачувате сите тие податоци, далеку од љубопитни очи.
Тоа е како скриен сеф во вашиот телефон каде само вие можете да пристапите преку отпечаток од прст или лозинка.

Скопје, 11 декември 2025 – Под хаубата, Samsung Knox користи безбедност на одбранбено ниво, во која веруваат компании и институции ширум светот. Така, дури и кога го споделувате телефонот за да покажете некоја фотографија, можете да бидете сигурни дека останатите податоци остануваат недостапни за другите. Всушност, Samsung Knox е толку моќен што имате заштитен телефон на одбранбено ниво внатре во вашиот телефон, што ви овозможува да преземете уште еден сет апликации во рамките на Knox профилот, кои се безбедно зачувани под лозинка или преку сензорот за отпечаток од прст.

Затоа Samsung Knox е идеален кога го користите приватниот телефон за деловни цели, бидејќи приватните апликации ги чувате надвор од Knox контејнерот, а деловните апликации се заштитени на вашиот приватен телефон или обратно — приватните се заштитени, а деловните се на главниот профил, во зависност од ИТ политиката на вашата компанија.

Совршена комбинација: Galaxy A serija i Galaxy S25 FE ја донесуваат оваа корпоративна заштита до уште поголем број луѓе – совршена за приватни телефони што се користат за работа, со сигурни перформанси, долготрајна батерија и дури шест години OS ажурирања за серијата Galaxy A и седум години за моделот S25 FE.

Сè уште немате Samsung Galaxy телефон или имате постара генерација на Galaxy модел? Samsung ве поканува да ја преземете апликацијата Try Galaxy и да ги испробате најновите функции на Galaxy паметните телефони директно на екранот на вашиот сопствен уред.

###

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со револуционерни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, дигиталните екрани, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, домашните апарати и мрежните системи, како и решенијата за меморија, системските LSI решенија и производството на чипови (foundry). Samsung напредува и во областа на медицинската визуелизација, решенијата за греење, вентилација и климатизација (HVAC), како и во роботиката, додека преку компанијата Harman создава иновативни производи за автомобилската индустрија и аудио-технологиите. Со својот екосистем SmartThings, отворена соработка со партнери и интеграција на вештачката интелигенција низ целиот производен опсег, Samsung овозможува поврзано и интелигентно корисничко искуство. За најнови вести, посетете ја страницата Samsung вести на news.samsung.com.

Continue Reading

Магазин

Најсилниот модел на OpenAI досега: пристигна GPT-5.2

OpenAI го претстави моделот GPT-5.2, оценувајќи го како својот најнапреден и најмоќен систем досега. Новата генерација носи крупни подобрувања во кодирањето, визуелната анализа, креирањето табели и презентации, како и во извршувањето комплексни и долготрајни задачи. Моделот веќе е достапен во ChatGPT и API-то на компанијата.

Според OpenAI, GPT-5.2 значително ги надминува претходните верзии во автономното пишување софтвер, обработка на слики и професионални работни процеси. Официјалното претставување доаѓа во период на силна конкуренција од Anthropic и Google, што ја натера компанијата да го засили внатрешниот фокус кон унапредување на ChatGPT. Високата менаџерка Фиџи Симо истакна дека тоа било „приоритет со црвен аларм“, насочен кон јасно дефинирање на најважните цели во работењето.

Извршниот директор Сем Алтман додаде дека конкурентните модели, како Google Gemini 3, имале помало влијание врз корисничките метрики од очекуваното. Тој прогнозира дека периодот на внатрешна „вознемиреност“ ќе заврши до јануари.

GPT-5.2 се нуди во три верзии — Instant, Thinking и Pro — прилагодени за брзи одговори, структурирано решавање сложени задачи и максимална професионална прецизност. Моделот води на повеќе референтни тестови, меѓу кои SWE-Bench Pro и GPQA Diamond, а во внатрешните GDPval-мерења на OpenAI бил на или над нивото на водечки експерти во над 70% од анализираните задачи.

Иако Anthropic со новиот Opus 4.5 го надминува GPT-5.2 на тестот SWE-Bench Verified, од OpenAI сметаат дека станува збор за потесен и помалку реален индикатор од поширокиот SWE-Bench Pro.

Компанијата, која пред десет години започна како истражувачка лабораторија, денес е еден од глобалните лидери во развојот на вештачка интелигенција. Според OpenAI, нивниот chatbot неделно го користат повеќе од 800 милиони луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг