Connect with us

Магазин

Како да ја задржите храната свежа во фрижидерот подолго

Скопје, 24 Ноември 2025 Бидејќи 72% од европските потрошувачи купуваат намирници секој ден или неколку пати неделно, свежината на храната и ефикасното складирање се поважни од кога било. Samsung Bespoke AI фрижидерите се дизајнирани токму за овие потреби, со напредни технологии што ја зачувуваат свежината, го оптимизираат просторот за складирање и ја намалуваат количината фрлена храна. За оние што често пазаруваат, овие функции го прават секојдневното чување на храната полесно и поефикасно.

Паметно зачувување на храната за максимална свежина

Фрижидерите на Samsung вградуваат напредни технологии за ладење (во зависност од моделот и спецификациите), дизајнирани да ја зголемат ефикасноста на ладењето, да ја задржат свежината на храната и да одржуваат оптимална температура.

All-Around Cooling: рамномерно распоредува студен воздух низ целиот фрижидерски дел со помош на повеќе отвори за дување. Ова помага да се одржи конзистентна температура на сите полици, да се намалат температурните флуктуации за да се зачува квалитетот на храната и да се продолжи рокот на траење, а истовремено се намалува и потребата од чести циклуси на компресорот.

Twin Cooling ористи независни системи за ладење за фрижидерот и замрзнувачот. На тој начин се намалува преносот на мириси меѓу одделите благодарение на посебната циркулација на воздухот, се одржува конзистентна влажност во секој оддел за да остане храната свежа, и секој дел може да работи на идеалната температура за својата намена.

Metal Cooling: користи метални панели или површини во внатрешноста на фрижидерот, кои помагаат да се одржи стабилна температура, за храната да остане свежа дури и ако често ја отворате вратата. Metal Cooling каналот на задниот ѕид го задржува студениот воздух, па при отворање на вратата промената на внатрешната температура е помала. Добрата топлинска спроводливост на металот помага загубената свежина брзо да се надомести кога вратата повторно ќе се затвори, што придонесува храната подобро да се зачува..

AI Hybrid Cooling ја комбинира технологијата AI Inverter Compressor со Peltier елемент, кои заедно ја зголемуваат ефикасноста, учејќи од вашите навики и прилагодувајќи го работењето на условите и начинот на користење. Системот одржува стабилна температура за храната да остане свежа подолго..

Ефикасност со поддршка од АИ за секојдневна употреба

Отворањето на фрижидерот повеќе пати дневно – што е вообичаено за оние што често пазаруваат или имаат „жива“ домаќинска динамика – може да доведе до поголема потрошувачка на енергија и нерамномерно ладење. AI Energy Mode на Samsung го адресира овој проблем така што ги следи вашите навики и ја прилагодува потрошувачката на струја.

Адаптирано ладење: системот ги детектира отворањата на вратата и интелигентно ја прилагодува моќноста на ладење, задржувајќи ја храната свежа без непотребно трошење енергија.

Заштеда на енергија: благодарение на оптимизацијата со помош на АИ, се намалува потрошувачката на електрична енергија, а фрижидерот и понатаму работи со врвни перформанси.

AI Inverter компресор: сигурност и тивко работење

Трајноста и ефикасноста на фрижидерот во голема мера зависат од компресорот. AI Inverter компресорот на Samsung е дизајниран да работи мазно и прецизно, дури и при често отворање на вратата.

Долготрајност: инвертер компресорот има робусен дизајн и е поддржан со гаранција до 20 години, за дополнителна сигурност.

Тивка работа: компресорот ја прилагодува брзината на работа тивко, што го прави идеален за отворени кујни и дневни простори.

За домаќинства што често ги обновуваат залихите на храна, оваа технологија помага храната да остане свежа без дополнителна бучава и без потреба од често одржување.

Прилагодлив простор за складирање за поголема удобност

Покрај паметното ладење, Samsung Bespoke AI фрижидерите нудат и флексибилни зони за складирање, со можност по потреба да се претворат делови од фрижидерот во замрзнувач и обратно. Ова е особено корисно за оние што редовно купуваат свежи намирници.

Cool Select+ (модел со долно монтиран замрзнувач или со т.н. „француски врати“) – до 5 флексибилни режими

Smart Conversion™ (Side by Side): 5 флексибилни режими

Прилагодливи полици: лесно можете да ги преместувате полиците за да соберете високи шишиња или поголеми купувања на намирници.

Центар за пијалаци (Beverage Center™): посебен, разладен дел наменет за пијалаци, кои секогаш се подготвени за сервирање на идеална температура.

За луѓето што често пазаруваат, ваквиот прилагодлив простор значи подобра организација и полесен пристап до секојдневните намирници.

Фрижидер создаден за секојдневните навики при пазарување

За оние што редовно одат во маркет, Samsung Bespoke AI фрижидерите нудат комбинација од паметно ладење, енергетска ефикасност и практичен, лесен за користење внатрешен распоред – со што се овозможува храната да остане свежа подолго и се намалува непотребното фрлање.

Со технологии како All-Around Cooling, AI Energy Mode и AI Inverter Compressor, овие фрижидери се идеално решение за сите што даваат предност на свежината, рационалната потрошувачка на енергија и удобноста во секојдневието.

Со усогласување со вистинските навики на потрошувачите што често пазаруваат, Samsung помага секојдневното складирање на храната да биде поедноставно, поорганизирано и поефикасно – а оброците повкусни и кујните поуредни.

Не ја пропуштајте специјалната Black Friday понуда. Повеќе информации ќе најдете на веб-страницата на Samsung.

.

. Извор: истражување на потрошувачи за Samsung дигитални уреди, премиум сегмент, примерок 1500 корисници, Обединето Кралство/Германија/Полска, ноември 2024 година..

2 Peltier елементот е полупроводничка компонента која лади користејќи само електрична енергија, без фреон/ладилен гас. Се активира кога температурата во фрижидерот ќе се искачи над нормалниот опсег или кога АИ ќе предвиди дека во наредните 5 минути ќе дојде до покачување на температурата поради подолг период на складирање храна или чистење, врз основа на анализа на шемата на отворање и затворање на вратата на фрижидерот.
3 Врз основа на внатрешно тестирање. Кога е активирана, функцијата Precise Temperature Control во рамки на AI Hybrid Cooling го намалува зголемувањето на температурата во фрижидерот за време на циклусот на одмрзнување. Достапна е само за фрижидерскиот дел и може да доведе до зголемена потрошувачка на енергија.

4 Врз основа на внатрешно тестирање. Резултатите се добиени со споредба на фабричките поставки на температурата при користење на AI Energy Mode и без користење на AI Energy Mode. Резултатите може да варираат во зависност од условите и навиките на користење. SmartThings прикажува известување пред да го активира алгоритмот за заштеда и во „Maximum mode“ и во „Custom mode“.

5 20-годишната гаранција се однесува само на компресорот.

6 Уживајте во одлична енергетска ефикасност, тивко работење и долготрајни перформанси. Digital Inverter компресорот автоматски ја прилагодува својата брзина во согласност со потребата за ладење. Така работи тивко, троши енергија поефикасно и обезбедува долготрајна стабилност, поткрепена со 20-годишна гаранција* за компресорот.
*20-годишната гаранција се однесува исклучиво на компресорот.

Advertisement

Магазин

Transmission – Музичка вечер со Васил Хаџиманов и Александар Петров

Transmission е музички концепт во кој тапанот ги спојува традицијата и денешницата, акустичната и електронската музика.

20 години од музичката симбиоза и пријателство (по Кавадаречка линија), Александар Петров заедно со Васил Хадџиманов преку проектот Transmission ги сплотуваат традиционалното и модерното преку звукот на тапанот и електронската музика.

Составен од два дела, првиот посветен на нивните херои од детството Никола Бадев, Кирил Манчевски и Зафир Хадџиманов во придружба на единствената Тања Царовска, додека вториот ќе раскаже еден понов период на творење осврнат кон електронската музика, која некои љубители, познавачи и издавачи ја означуваат како ORGANIC – PROGRESSIVE – HOUSE.

Музика во живо со: ХАЏИМАНОВ – ЦАРОВСКА – ПЕТРОВ – ВАСИЉЕВИЧ – ШАРЕВСКИ

Почеток во 20 часот, во Станица 26 na 24 Dekmvri

Картите по цена од 1000 денари се продаваат во THREE BAR & KITCHEN, Soma и Чашка

Continue Reading

Магазин

Светот на диетите се менува: Пристигнува првата таблета за слабеење

vaga

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот лек за слабеење во облик на таблета, означувајќи значајна пресвртница во третманот на прекумерната телесна тежина. Информацијата ја објави данската фармацевтска компанија Novo Nordisk, производителот на лекот.

Новата таблета се зема еднаш дневно, а според компанијата, дава ист ефект како досегашната неделна инјекција. За разлика од други лекови за слабеење кои првично биле создадени за пациенти со дијабетес тип 2, овој лек е од почеток развиен исклучиво за губење на тежината.

Клиничките испитувања со приближно 1.300 учесници покажале импресивни резултати: во просек, корисниците изгубиле 16,6% од телесната тежина, додека околу една третина од нив успеале да намалат дури 20% или повеќе. „Пациентите ќе добијат практична таблета што се зема еднаш дневно и може да помогне да се изгуби исто толку тежина како и со оригиналната инјекција“, изјави извршниот директор на компанијата.

Очекувањата се дека таблетата ќе се појави на американскиот пазар почетокот на јануари 2026 година. Одобрувањето веднаш предизвика позитивен шок на берзата – акциите на Novo Nordisk пораснаа речиси 10% по затворањето на тргувањето во Њујорк.

Во Европа, лекот сè уште е достапен само како неделна инјекција и тоа со лекарски рецепт во одредени земји. Таблетата за европскиот пазар сè уште не е одобрена, а регулаторната одлука се очекува најрано во втората половина на 2026 година.

Continue Reading

Магазин

Мега забавен парк од 1,1 милијарда долари „Дракула Ленд“ се отвора во Романија

drakula park

Романија ја трансформира својата најпозната легенда во глобална туристичка атракција. Во близина на Букурешт е потврден изградбата на „Дракула Ленд“, мега-забавен комплекс вреден 1,1 милијарда долари, кој ќе биде целосно финансиран од приватни инвеститори.

На површина од 192 акри, новиот мега-парк ќе понуди над 40 атракции распоредени во шест тематски зони, инспирирани од легендата за Дракула и богатиот романски фолклор. Но „Дракула Ленд“ нема да биде само забавен парк – проектот предвидува луксузни хотели, арени за е-спорт, огромни концертни и шоу-простори, како и содржини за дневни и ноќни активности, привлекувајќи туристи од целиот свет.

Со оваа амбициозна инвестиција, Романија се стреми да создаде целосна туристичка дестинација што ќе се натпреварува со најпознатите европски тематски паркови. Изградбата е закажана да започне во септември 2026 година, а отворањето се планира веќе во 2027 година, доколку се следи планираниот ритам.

Со овој проект, Романија не само што сака да го оживее својот најпознат мит, туку и да се позиционира како една од водечките забавни и туристички дестинации во Европа, привлекувајќи милиони посетители секоја година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг