Connect with us

Економија

Binance лансира демо платформа за тргување за корисниците во Македонија 

Binance, најголемата крипто берза во светот според обем на тргување и број на корисници, ја лансира својата платформа за демо тргување за корисниците во Македонија и на целиот Балкан. Новата функционалност нуди безбедна и неризична средина во која почетниците и поискусните трговци на криптовалути можат да вежбаат тргување со спот (Spot) и фјучерси (Futures) со виртуелни средства, без да изложат на ризик вистински пари.

Платформата симулира реални пазарни услови, вклучувајќи движење на цените во живо и податоци од листата на активни налози за купување и продавање, овозможувајќи им на корисниците практично да учат за трговски стратегии, пазарна динамика и управување со портфолио. Демо тргувањето ги поддржува и спот пазарите (Spot markets) и USD-M и COIN-M фјучерси (Futures), сето тоа преку интуитивен интерфејс кој целосно го одразува изгледот и функционалноста на Binance платформата за реално тргување.

Корисниците можат да анализираат графици, да поставуваат симулирани налози за тргување и да ги следат своите виртуелни салда преку познатите секции пазари (Markets)тргување (Trade) и средства(Assets). Дизајнот им помага на новите корисници да стекнат самодоверба, а на поискусните да тестираат стратегии во контролирана средина.

Да се започне со демо тргување е едноставно: доволно е корисникот да се најави со својот Binance профил и да ја избере опцијата „Започни демо тргување“(Start Demo Trading), или да креира нов профил за неколку минути. Преминувањето назад на реално тргување е лесно преку копчето „Назад во живо“ (Back to Live). Демо тргување е достапен и на веб-верзијата и во мобилната апликација на Binance, што овозможува учење било каде, било кога.

Според Сандро Слукан, регионален раководител за маркетинг на Binance за балканскиот регион, интересот за крипто во регионот расте, но многу почетници се соочуваат со предизвици поради комплексноста и волатилноста на пазарот. Демо тргувањето е создадено за да го намали тој јаз, нудејќи едукативна алатка без ризик што им помага на корисниците да стекнат практично искуство пред да преминат на реални пазари.

Оваа функција не бара верификација на идентитет или отворање на фјучерси сметка (Futures account), а виртуелните средства можат да се ресетираат во секое време. Сепак, одредени напредни функции од реалното тргување можеби нема да бидат достапни.

Binance нагласува дека резултатите во демо тргување не го одразуваат во целост реалното тргување, бидејќи емоциите и пазарните услови постојано се менуваат и имаат значително влијание врз резултатите.

Advertisement

Економија

Странски „хај-тек“ инвестиции од Германија и Турција: 80 милиони евра и илјада нови работни места

Македонската економија влегува во нова фаза на развој со најавата за две значајни странски инвестиции во областа на високата технологија. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека германска и турска компанија ќе инвестираат околу 80 милиони евра, носејќи свеж капитал надвор од досега доминантната автомобилска индустрија.

Според најавите, двата проекта ќе имаат силен извозен карактер и значајна додадена вредност. Се очекува годишен извоз од над 200 милиони евра, како и отворање на приближно 1.000 нови работни места, главно во сегментот на високо квалификуван кадар.

Мицкоски истакна дека ваквите инвестиции го потврдуваат стратешкото насочување на државата кон високо-технолошки индустрии, со цел диверзификација на економијата и намалување на зависноста од еден сектор. Тој изрази оптимизам дека до крајот на годината ќе следат уште нови странски вложувања.

Најавените проекти се оценуваат како јасен сигнал за подобрена инвестициска клима и дел од пошироките напори за привлекување современи технологии, повисоки плати и одржлив економски раст.

Continue Reading

Економија

Димитриеска – Кочоска: 97 милиони евра за клучни енергетски проекти

Денеска беа потпишани договори за државна гаранција и заеми во вкупна вредност од 97 милиони евра, со кои ќе се реализираат стратешки енергетски проекти што значително ќе ја променат енергетската слика на државата.

Министерството за финансии, преку издавање државна гаранција, овозможи финансирање од 87 милиони евра за проектот „Фотонапонска електроцентрала Битола 3“. Од оваа сума, 50 милиони евра се обезбедени од КфВ, а 37 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Дополнително, обезбедени се и 10 милиони евра за ревитализација на хидроелектраните.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изрази благодарност до меѓународните финансиски институции за континуираната поддршка, како и до тимот на АД ЕСМ за нивната посветеност во реализацијата на проектите.

Според неа, овие капитални инвестиции ќе придонесат за зајакнување на домашното производство на електрична енергија, ќе обезбедат посигурно и постабилно снабдување и ќе дадат силен поттик за економска стабилност и одржлив развој на државата.

Continue Reading

Економија

Божиновска: Нема енергетска криза, државата има резерви од мазут!

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно резерви на мазут за да ги покрие потребите.

Барањето за кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница, но Божиновска нагласи дека тоа е технички чекор за да се активираат државните резерви. Причина за ова е триесетдневната неможност за редовна набавка на мазут од Грција поради тамошните протести.

„Нема да има никаква криза. Постои мазут во државата – ако не го земат од Грција, ЕСМ ќе го земе од државните резерви. За граѓаните ова нема да значи апсолутно ништо“, истакна министерката.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг