Битолски Комуналец веднаш интервенираше по излевањето на моторно масло во центарот на градот

Во центарот на Битола, улиците на ул. „Св. Климент Охридски“ беа исчистени и измиени откако при градежни работи на приватен објект од градежна машина излеана поголема количина моторно масло.

Градоначалникот Тони Коњановски информира дека општинската инспекција веднаш излезе на терен по инцидентот, а за сторителот е најавена казна за предизвиканата штета. Комуналните служби на општината брзо интервенираа, обезбедувајќи безбедни и чисти улици за граѓаните.