Прекин во водоснабдувањето во Тетово поради дефект на водоводна мрежа

Поради дефект на главната водоводна мрежа на улица Радован Цониќ, снабдувањето со вода за пиење во градот Тетово е привремено прекинато.

Екипите на ЈКП „Шар“ се на терен и работат со максимален капацитет за што побрзо да се нормализира водоснабдувањето.

Граѓаните се замолуваат за разбирање и се уверуваат дека водоснабдувањето ќе биде обновено веднаш по санацијата на дефектот.